уште (прил.) - гледа (гл.)

Во него, мајка му седеше, исто онака како што имаше обичај да седи на парталавиот кревет со бела покривка, со детето обесено за неа, но сега во некаков потонат брод, длабоко под него и тонејќи сѐ подлабоко со секоја минута, но сѐ уште гледајќи угоре во него низ сѐ потемната вода.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само отец Лествичник сѐ уште гледаше во сочинението, како во најцрна судбина своја да гледа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
МИРА: Обична вода. Обична вода. (Излегува од собата. Борис ги отвора очите. Не верува дека сѐ уште гледа.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Сѐ уште верува, сѐ уште гледа и се вгледува во ноќта.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Детето уште гледа, но набргу ќе стане она што таа и сака да тоа биде: слепец.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, тогаш, не бев ни свесен за мојата среќа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А и Свети Аранѓел уште гледа кон реката. Си стои на ѕидот од урнатото црквиче и си одбира луѓе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Зад мене штракаат празни пушки, а јас уште гледам по капетан Мирковиќ, по командирот мој.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам колку време така сум спиел, ама кога се разбудив, гледам дека уште понегледам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)