уште (прил.) - четири (бр.)

Имено, наведените асоцијации можат да поднесат барање за преиспитување на репрезентативноста, по истекот на период од една година од денот на донесувањето на решението за утврдување на репрезентативност (чл. 36, ЗИДЗРО/окт.09); г) со четвртата измена на ЗРО (2005), од октомври 2009, покрај веќе опишаните новитети, во преодните и завршни одредби на ЗИДЗРО/окт.09, беа предвидени уште четири нови членови поврзани со оваа тема:
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Имено, листата на веќе постоечките четири дефиниции се дуплираше т.е. се зголеми за уште четири, и тоа: „работно време“, „време за одмор“, „работа во смени“ и „сменски работник“.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во периодот од април до мај 1942 биле организирани јадрата на пет партизански одреди: Битолски, Скопски, Велешки, Прилепски и Крушевски, а до летото биле формирани уште четири одреди.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Постигнатите резултати, во овој период, пред сè, биле резултат на работата на ПК на КП за Македонија и Покраинскиот Воен штаб, кој во јуни 1942 прераснал во Главен штаб на Народноослободителната војска и партизански одреди на Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Новото следување нема да почне да се дели до утре, а тој имаше само уште четири цигари.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се здружија уште четири од оние што гледаа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
До година, штом јакиот студ ќе ја запре палавата лапавица и штом по соголените гранки јануари ќе го обележи својот пат со остри кристали од мраз, на ајдучката глутница ќе ѝ се придружат уште четири млади волци, ќе вијат по снежната пустелија, и кога ќе навлезат в трло, ќе ги исколат овците и со замрзната крв на своите муцки ќе се нурнат во маглите на планината.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)