уште (прил.) - два-тројца (бр.)

Влегоа уште два-тројца, кални до коленици, и со нив се крена таму уште поголема врева, смеа и карање. Некаква жена таму наплатуваше.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Патем ни умреа уште два-тројца. И ги испративме со очите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Жените се наведнуваа, се наведна и Роден Мегленоски, се наведна и Дуко Вендија, се наведнаа уште два-тројца старци и сите заграбуваа земја меѓу прстите и фрлаа врз моштите од Велика Мегленоска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)