утре (прил.) - сабајле (прил.)

„Ти си сам? Каде е Ангелоти?“ „Тој и неговите луѓе мораа да завршат некоја итна работа, но ќе се вратат утре сабајле, и уште други двајца ѕидари, и тогаш работата ќе оди брзо.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
ДИМИТРИЈА: Да не сака тој и на ручек да седи? Немам јас ништо против. Нека седи и на вечера. И утре сабајле на појадок.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сите овие жици, тракаталци, надвор! Утре сабајле сакам празен стан.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)