умно (прил.) - момче (имн.)

А умно момче излезе Јован. И послушно. И необично храбро.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ме гледаа со мили, благодарни очи, како да велеа: - Благодариме, Леме, да си живо, да си здраво, умно момче, секогаш среќа да те следи во животот, голем човек да станеш, најголем!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)