И покрај сета бесмртност
трошка леб молам
('Лебот се гледа со очи!')
еден добар, една добра, едно добро
за душа
на оној кој ја презира златната средина
оној кој се чувствува удобно
во сопствената природа
и лебди леко, глатко глето
клепка врз клепка - лебедова свила
по рабовите на смртното
случајно жив
фанатично осамен
благодарение на предрасудите за природното
и вештата заблуда
дека живее во заедница
а не сам, самотен!“
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Се чувствував топло и удобно во своите нови чевли, во туѓата држава, во туѓиот град, во една дождлива, есенска вечер.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Околу пладне, штом ќе е готова летната манџа, и штом ќе се курдиса сонцето како што треба, младите охридски мајки (што не значи дека во Охрид нема од стара мајка деца) ги дотеруваат бебулињата, ги сместуваат удобно во количките кои задолжително имаат чадорче или нешто друго за да им држи сенка, па полека тргнуваат кон езерото.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Актерите не можат да започнат со својата креација додека не се сместиш удобно во фотелјата на која на горниот дел со огромни букви е испишано твоето име.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
- Хм, жена, што би можела пак таа да каже за средновековните замоци, освен дека овој се сплеткал со оној, кој во чија соба ја поминал ноќта и зошто не му било удобно во сопствената соба, туку којзнае каде ...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
ОХРИДСКИТЕ МАЈКИ
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)