Дедо Петре и синот Трајан погледнуваат де угоре кон чатијата, де удолу врз софрата. - У-у-у...у-у-у... не се смирува утката.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Од каде тој Прст вперен угоре
кон соблазнително белото,
блазирано, непроѕирно
небо, фрлено во вселената
небаре пелена?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
И бидејќи редовите први веќе недостапни беа, најде едни скали Филозофот, скали што водеа право угоре кон небото!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А кога станавме од земјата, и кога облакот се расчисти, видовме: скалата на отец Кирил си стоеше сѐ така негибната на карпата Бехистунска, угоре кон небото; и кошницата негова над бездната си стоеше, и тој во неа, негибнат сосем!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Од Драчево тргнаа десно угоре кон падините на Китка, кон селото Батинци.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
И тука навистина имаше ѕид. Одеше угоре кон небото.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)