убаво (прил.) - како (прил.)

Дружината на бродот одбрала друг капетан и животот меѓу нив почнал убаво како и порано...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
На чардакот се слушаше смев, висок разговор, а потоа ѕвекна Сивевата тамбура на две жици. Со неа Јован го развеселуваше друштвото, поправо ја отвараше веселбата. Не знаеше да свири убаво како колџијата Сула или како шура му Тошета, но редот го носеше, како домаќин, прв да почне.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас сум мераклија на нешто убаво како што е Илија, на љубов! (Пее): Парите се, парите се, Парите се отепувачка; Љубовта е, љубовта е, Љубовта е најмила!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)