Ме обзема магија убаво ми е меѓу розите, ме тапкаш по рамо, срцето почнува да ми чука.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Лулупешку се подига, гледајќи во девојката која и натаму спие, си ги брише рацете: - Убаво ми велеше мама – „Апсолвирај на време.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
И вистина, убаво ми рече мајка ми вчера: „Ано ќерко, поднамирви се веќе малку поубаво кога одиш на вада, оти таму се собираат момичките и жените од целово село, пак ќе те прикажуваат.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
А и да нема со кого убаво ми е да седам и да си ги пасам мислите...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Не ти се лутам, му велам, убаво ми направи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Чувствувам: во секое делче од телото ми навлегува и топлина и свежина. Кусо речено: убаво ми е...
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Се плашев да не заталкам. Ама убаво ми објаснивте: автобусот број 5 или 15 и право пред училиштето.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
И нарцисите не сум ги расадила, ама убаво ми цветаат...“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
И убаво ми иди од топлинката, од бубачето, вели, сиот ме разотвора. Сѐ ми разминува. Ме раскопнува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Убаво ми велат Јоле и Спасое: - Пази, Јоне, ти немаш много пријатеља.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)