Сочна, многу убаво мириса. Неодолива боја.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Толку убаво мирисаше! На лаванда, на нешто тајно и чисто.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Пријатно беше дома, убаво мирисаше лебот што се пече, жареше разгореното огниште, играа одблесоците од пламенот по зачадените ѕидови.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Се валкаа низ тревата, а таа толку убаво мирисаше, што просто мамеше да си го забуцаш носот во неа, да се зајди од мирисање.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Кога и да пикневме цела глава зелка во котлето, ете ти го мојот братучед Фодулчето, и уште не влезен ќе проговореше Ааа, убаво мириса! Пак зељка!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Ејми ако убаво мириса белки не ки ти залетне!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Како сета крв да ѝ се качи во образите.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Сега ѝ се чинеше дека убаво мириса.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Во кујната убаво мириса: мама пече колач со јаболка.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Влатко ја кажа вистината. Пред нашата зграда се разделивме без збор.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
ЕСЕНСКА ПРОШЕТКА
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Ах, колку убаво мириса небото наутро! И колку слободен се чувствувам! Тоа е убавина, царе, тоа е исто така убавина.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)