тука (прил.) - и (чест.)

Му кажуваа дека е тука и Добра, сестрата на Пелагија, со малечката, мајката на Ангелина, Тина Гледачката, која сѐ уште е избегана малку... оти видела цела чета глувци како излегуваат од нивната бишка, а за Ангелина, велеа, не знаеме ништо, само се надеваа дека и таа ќе приправи, што ќе прави ваму сама, телото се исушува како слива и после оти саде коска ја фрлаат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Всушност, многу години пред теоријата за хаосот да стане популарна, една мала група на научници, вклучувајќи го тука и Херберт Сајмон, Иља Пригожин, Херман Хакен и некои други бараа теорија за сложеноста, општи принципи за систем чии многу делови заемодејствуваат и создаваат сложени поведенија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Може тука и да ме правел татко, и затоа не валкајте ја тревата, оти ќе заигра секирава.“
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сега се глодаше заради тоа. Можеше да си дојде тука и сам и тие со ништо не му го олеснија неговото доаѓање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му кажуваа дека се тука и попот, оној што ја отвори црквата на горниот крај од селото во која сега живее Доне Ќосиот, му велеа дека е тука и Тушимката, онаа што си го криеше мажот, кутриот, во долапот за да не го земат партизан, ама таа, знаеш, бесоите си ги стишувала со попот, и додаваа Пак со Господ напред ќе се враќаме, дедо Костадине!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Но освен малкуте тврдокорни партиски кадри, сите други, вклучувајќи ги тука и вишите и нижите службеници, скришум, да не видат другите, се снабдуваа со козјо млеко и млечни производи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа беа сите оние истрчани, разјарени луѓе, што имаа исто така да го кажат тука и својот збор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ако го сретнеме, мислеше, ако биде среќа да го сретнеме, ќе можеме да ја преживееме тука и целава зима, едноставно да си останеме овде сѐ додека еднаш не разјужи, а пак ако разјужи побргу, тогаш ќе можеме да си однесеме и дома, заедно со една добра свињска кожа, уште неколку килограми свињско месо, пресно и замрзнато. Ајде, си рече сега, добро, ќе видиме.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)