тука (прил.) - веќе (прил.)

И треба да се знае: ерген и мома залагаа ли да си даваат и земаат, тоа е сериозна работа. Тука веќе нема назад.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мелница го запалија и изгоре до темели.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бидејќи патот ги водеше преку малото селце Мелница, се вратија во него, но тука веќе жива душа не најдоа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Потоа молчевме. Тука веќе немаше што да се каже.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Е, да, тука веќе кај продавниците на риба беше кулминацијата на мојата неподнослива болка што ја чувствував.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
А после дома ќе пратат абер: „Филан се наоѓа кај нас, пратете сто, или двесте наполеони — тука веќе колку ќе им коптиса душата — за да ви го ослободиме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Аха, кога ќе ги ставам празните места каде што треба, вели вака: “ХА ОСА ХА okno.mk | Margina #17-18 [1995] 39 И КУКЛА СА” и тука веќе се прекинува.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ме погледна и ми рече: „Толку многу ги има“. Стоеше тука веќе со часови.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Се прекина една ноќ, беше како нешто само по себе да истече и да скапче и тие знаеја дека сите огромни ќиури од бел, зелен и црн мермер и сите други камчишта и бигорите, сите тажни анѓели и сите камени венци, какви што може да ги има само на едни заборавени гробишта и само во Грција, што дотогаш беа ги престојале мирни меѓу тие маслини сите поминати векови, сега се собрани на средината, здробени, и дека тука веќе немаше што да се прави.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мошне изнервиран, господинот Јанус уште еднаш се обиде да ја изгребе згу­снатата лага, но, како што тоа обично се слу­чува, тука веќе се најде господинот Пајо, онесвестувајќи го, од зад грб, со одмерен удар на чеканот, добриот но понекогаш двосмислен Јанус.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
КОЈ Е КОЈ, ОД СОНЧЕВАТА СТРАНА Од другата страна на тие чудни космички терезии (во улога на „шеф на тајните Сили на Доброто”) се наоѓа Призрак.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)