тука (прил.) - сме (гл.)

На вода — од вода, борина нацепи, ако можеш, јас кога не суам тука, синиата клај, нешчо ако сака невестата, Митра да и поможиш, да зготвиш, подмеси, ако умеиш, и така — тие ситните домашни работи, а за другите — Митра, јас Трајко, тука сме. Не можеме, братко, веднаш да те запрегниме на недела.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тука сме веќе на тлото на најтемната и најзаобиколна топологија, заталкани поради неизвесноста на одредиштето: ми се причини прикладно тоа да го наречам заблуденост (destinerrance) или притајување (clandestination).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Можноста за апсолутниот настан, безосновната основа на иницијативата секогаш му преостанува, секогаш мора да му се надоградува. 4Води ли тоа кон воспоставување на некоја група? 4Поточно, кон некаква “таканаречена” заедница отворена за луѓе кои “сакајќи го тоа”, пристанувајќи на пристапување, заминуваат читајќи и пишувајќи сосема различно од дотогаш.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тука сме безбедни“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тука сме безбедни?“ повтори глупаво.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А гледам ставила и ланче околу глуждот... А-ха, тука сме значи!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Тука сме собрани на овој балкански плоштад на слободата да ги манифестираме своите цивилизациски сфаќања!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Го знаеш пократкиот пат до утрото, само сврти десно од погледот па лево од паметот. Тука сме. Веднаш до знакот „не проаѓа“.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Можеби нема да го доживееме, но тука сме за да го раскажеме.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тука сме. Го очекувам и ова прашање.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тука сме, велиме, сите сме тука.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тука сме чело, тука сме нејзина опашка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тука сме, помисли сега, повлекувајќи се за да направи само еден чекор в страна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Како е така е, тука сме барем сите на куп.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
- ЗЕМЈО ЕЗЕРСКА - тука сме од дамнина - твои чеда сме!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
ГАВРИЛ: Потивко! Те слушаат. КИРО: (Гледа околу) Кој? (Пауза) Никого нема. Тука сме само ти и јас.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Но, кај сме - тука сме.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тука сме - во изминатото време, Време без луѓе, без куќи, тука сме во сегашното време без живот, само ледина и јата гаврани.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Времето оди, но сепак, нешто, некој тука, уште е. Остана. Диши. Векува. Тука сме.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Од левата страна на педесет сантиметри доаѓаа куршуми.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Викнав пак по чичко ми, а тој ми викна: Тргни се, тоа се сигурно нашите борци што пукаат, не се известени дека тука сме ние ударници.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)