тука (прил.) - нема (гл.)

- Ама... тука нема гимназија...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Нејзините внуци се мајтапеа со неа кога им велеше - јас најдобро да си умрам...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Па да, сите умираат, тука нема ништо спорно.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Грот: Што мислиш за Дру Фридмен? !
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сепак, тој е секогаш интересен за читање, тука нема збор.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тука може некој да нѐ види и да нѐ поткаже“, рече Љупчо. „Тука нема лезет.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Ајде, ќе седнеме онаму, во грмушките и спокојно ќе уживаме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Гледај!“ од џебот извлече кутија цигари и запалка. „Кент!?“ извикавме сите изненадени.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
— Охохо! — се издиши длабоко Толе. Му се симна товар од душата и разврза разговор со комшијата, кој му објасни дека тука нема никакви Турци, дека, и војската, и заптиите, и кајмакамот, и валијата,'и пашите, та и царот се христијани — Срби.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да не се родеше тука немаше ни џанак да стане.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Ни фали само уште Џони Вокер Црвенкуровски, но за него тука нема место, а немаше ни виски.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Наспроти тоа, јас тврдам дека тука нема ништо привидно и дека нашите компјутирани светови се исто толку стварни како и, на пример, масава до која седиме.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тука нема: чекај да се допрашам до овој, до оној, па што мисли овој, па оној. Јок.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Поправо, таа знае дека тој е само една зона на удомување и надзор за цела една генерација, таа, значи, тука нема што да селекционира - својата елита ќе ја пронајде на друго место или на друг начин.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Истрча во бавчата. Ни тука немаше никој.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Погрешно. Тука нема фабрика за цигари,.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Нема сомнение дека тука нема да биде така лесно окупационите власти да се ориентираат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тука нема таков ѕид што да ги брани востаниците, како Балканите во Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тука нема подеднаков пристап, тука нема неутрален став, тука нема правда...“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Чудно што баш во таа ситуација се присетив дека човекот пред мене се вика Стојан, и што тоа веднаш го поврзав со една мисла на Димитар Талев во “Преспанските камбани” дека сите Стојани во Македонија се дојдени од село, и што, најсетне, дури не по сопствена волја, се насмеав а човекот, не сфаќајќи што ми се мота низ главата само ме прекори дека тука нема ништо смешно, дека вака било, онака било, главно само за тој фамозен ѓон зборуваше, и за тој Шилото кај кого требаше да отидам.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Не, тоа воопшто не беше неговото малку подзамижано десно око, сигурно мнозина би помислиле за него дека е стаклено, бидејќи и впечатокот беше таков, но за оној што знаеше дека тука нема никакво стаклено око, провалијата на нескладот на тоа преку секоја природна мерка подуено лице изгледаше уште поголема и уште потешка за одгатнување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Уште од почетокот се гледаше дека тоа ќе биде уште еден митинг, кого тој мораше да го издржи и тука немаше што да се стори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ништо тука нема што би било за срамење.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Тој никогаш не ми побара дел од заработеното; ми ги договараше средбите, ми ја најавуваше сумата, тука немаше пазарење и парите веднаш ги добивав.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Навистина, тука немаше телекрани, но секогаш постоеше опасност од скриени микрофони со кои можеше да ти биде фатен и распознаен гласот; освен тоа, не беше лесно да се патува сам, а тоа да не падне в очи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тука нема телекран!“ не успеа да се воздржи да не промрмори.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но тука нема мрдање – Митре е изградена и стабилна особа.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Да го победи стравот тој можеше со тоа што ќе се нурнеше во уметноста, но уметност тука нема...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
3. Уште од првото сонување научив Дека доселениците всушност Натрапнички им влегуваат во соништата на староседелците И дека со несечените нокти им ги дупчат на староседелците Мешините полни со резервни соништа Па откако ќе ги обесонеа лесно им ја крадеа земјата И во древната абориџинска црвеница Садеа цели плантажи со нови соништа И тогаш јас разбрав дека има и престорени соништа Престорени и превоспитани соништа Оти првите доселеници беа дојдени по казна Како историска претходница на гулазите Само што нив тука немаше кој да ги тормози И севезден да ги потсетува дека се престапници испратени на издржување на казната Туку баш напротив престапниците почнаа Да ги тормозат староседелците и да им ги дупчат соништата Оттогаш коалите со сите расположиви средства Си ги вардат соништата од натрапници со несечени нокти И си го бранат вековното право На дваесетчасовен сон во едно деноноќие Оттогаш сите ги предупредуваме Да не остават на раат да си го досонуваме сонот И на секој еукалиптус закачуваме парола Кој сонува зло не мисли А се подразбира дека кој многу сонува Кога да е ќе го довстаса јавето И ќе окапе од визити на нервни доктори Па тогаш ќе си ги мериме соништата И ќе ја утврдуваме нивната историска тежина или леснина Тогаш сетики уште ќе има бумеранзи Оти историјата без вратки не ја бидува Што се покажа и во соништата од петокраки Макар што никому се уште не му е јасно Кој и како ќе им ги врати на Абориџините Старите продупчени соништа Оти никој се уште не измислил лепило За продупчени мешини со резерни соништа Штоако сега школски авиончиња Влечат на опашките натписи Sorry како што се влечат реклами за кока кола или нешто такво Sorry sorry ама се знае ли што досега се стори И ако сте љубители на рими знаете ли каков оган гори Во продупчените соништа на староседелците На кои денес лефтерно им велат Sorry Како кога некој не сакајќи да им ги згазнал стопалата Во турканиците пред влезот на Олимпискиот стадион во Сиднеј Или на пазарот близу пристаништето Ако се погодите таму на пазарен ден баш во сабота Како на секој пазар и овде под тезга се продаваат разни нешта Па можете да си купите разни збирки соништа Стари и нови соништа староседелски и дојденски соништа Од такви соништа се учи Дека ако нижиш бисери ќе плачеш Колку повеќе бисери во соништата толку повеќе солзи на јаве Од такви соништа се учи Дека ако најдеш алтани во твоите чевли Ќе отпатуваш надалеку дури до новиот и отаде новиот свет А пак ако таму во новиот ти свет Се бакнуваш на сон со некого уста со уста Ќе те фати ревма а богами и потешки болештини Ако си машко и ако се бакнуваш со машко уста со уста Баш како што се бакнуваше еден од наследниците на Ленин Пу пу скраја да е Џабе ти тогаш и соррѕ и се стори џабе ти и цела сурија нервни доктори.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
И тука немаше ниту нешто да се одземе ниту нешто да се додаде.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Јазикот на окупацијата се менува. Наместо да викаш убивај викаш - сели се тука нема иднина за тебе.  Сѐ е прилагодено за другиот.  Сѐ е подредено до бесвест. 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сѐ добро, лепо, ама оружјето мора да им го собереме. Тука нема лабаво.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Трета можност и „трета сила“ тука нема не може да ја има...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тоа некако придонесе за продлабочување на интимноста меѓу нас двајца, тука немаше лаги и измами, немаше лицемерие, немаше тензија.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)