троа (прил.) - повеќе (прил.)

Ги гледав јаболката, го пулев и јаболкарот: вистинољубив, секогаш гордо исправен иако со многу горчина на плеќи - колку гризнувања на јаболката толку горчини на плеќи, колку горчини на плеќи толку поблаги јаболка и троа повеќе препознавања на стари и нови преправања.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Ќе ја земеше авланката за вино и ќе прашаше: „Од кое да наточам: од „јагнешкото”, од „арсланешкото” или од „свињешкото”? и ја кажуваше приказната за дедо Ное, кој, кога ја засадувал првата лоза, некои прачки ги залеал со јагнешка крв и благословил: тој што ќе пие вино од овие прачки, да пие по малку и да биде кроток како јагне; другите прачки ги полеал со арсланечка крв и благословил: тој што ќе пие од овие прачки, да пие троа повеќе и да биде силен како арслан; третите ги залеал со свинска крв и благословил: тој што ќе пие од овие прачки да лока како свиња и насита да нема...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но дотаму три животи ти требаат и троа повеќе.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)