троа (прил.) - надеж (имн.)

Оваа вечер чист македонски блуз: ем да се даде до знаење дека чукнал часот да се кренат високо знамињата на спомените, ем да се пушти троа надеж во мракот и еднаш засекогаш да се запамети дека д’мбенските блузери не се лузери.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Но, надеж, троа надеж му даваше и присуството на хидроинженерите, експертите и другите стручни лица, макар што не веруваше дека тие повеќе ќе бидат на страната на науката, отколку на политиката.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Уште троа надеж што му остана е да ве види сите израснати и заминати по патиштата на сопствените животи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)