Ако верував на збор досега трипати ќе ми беше летната главата.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Сега ќе имам време и да преспијам: првин трипати ќе се истрие со сапун, потоа со саати се облекува.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Ни владиката, сполај му, така не го облекуваат.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
- Христос му рекол: - Вистина ти велам, оваа ноќ уште пред да пропеат петли, трипати ќе се одречеш од Мене...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
„Во случај на опасност трипати ќе свирнам.“ И му се стори дека однадвор некој навистина свири продорно, како ветар да се провлекуваше низ празните очи на самата смрт.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Бидејќи ние со домаќинот мој бевме сложни, што се вели како со еден ум и со една душа, јас уште од вчерадента знаев што ќе ми работи човекот мој утредента и, утрото, пред него ќе бев станата, торбата со јадењето ќе му ја имав стокмено, ќе му помогнев да ги истера воловите од аурот и да ги прегне или да ја самари маската, ако требаше да му помогнам на маска да се качи, стол за поткачување ќе му изнесев, маската од порта надвор за водило ќе му ја заводев, до над куќи ќе го испратев, ќе му го дадев водилото в раце, ќе го пуштев да одмине и по него трипати ќе се прекрстев.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Ќе заседне во некоја биртија и по трипати ќе се менува во денот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)