трипати (прил.) - неделно (прил.)

Поштарот во Маказар доаѓа трипати неделно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Трипати неделно мораа да се јавуваат во полициските станици и секој ден зад нив се влечеше сенката на полицискиот агент.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Пиши ми побрзо. Поштарот доаѓа трипати неделно и не ѕвони, како во оној филм што сме го гледале, туку свирнува на труба.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И дневниот весник „Време“, каде што бев уредник до пред скоро време, ми доаѓа трипати неделно, и дури сега видов дека тоа нема никакво значење.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)