точно (прил.) - одреден (прид.)

Значи, имаме и уметнички реклами!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Спилберг и друг пат го правел тоа; главните херои во ИТИ јадат точно одредени колачиња.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Форд подоцна и огласите ги конципираше според матриците од филмот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во рамките на Дишановото сугерирање на кабалистичкиот принцип, и покрај тоа, може да се забележи и алузијата на точно одредените текстови на Атанасиус Кирхер, познат германски исусовец од XVII век, теолог, ерудит и негувател на тајните науки од кабалата па сѐ до египетските мистерии.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Поделбата со точно одредени дати е практично невозможна, бидејќи, како што назначува Лотман, човековата култура е динамичен систем, така што, секој обид да се лоцираат етапите на нејзиниот развој со точно утврдени временски граници е во противречност со нејзината динамичност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ако претпоставиме дека механизмот на процесот досега беше точно опишан, тогаш кој е мотивот за ова огромно и детализирано настојување за запирање на историјата во еден точно одреден момент ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А ваквите промени во животот, со кој тој изградил колку-толку стабилен однос, игра со точно одредени правила од кои како сега, може да се отстапи, како да го заплиснуваа и несакајќи го тоа, со мириси и сеќавања на уште понови и поизненадувачки во својот настап, запознавања, улоги и драматични разоткривања - скали кои го водеа по неосветлени и меѓусебно испреплетени различни покажувања на истото нешто во кое мислеше дека не по своја волја влегува, таму кадешто не бил дотогаш. Но зошто?
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
За тоа време со помош на една програмирана направа спијачот после точно одредени дози на RЕМ (се користат фотички и/или електрични надразби) се буди за да извести за своето искуство. (...) Будните имаат еден и заеднички свет, а секој поединечно од оние што спијат се превртува во својот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мултимедиската база на податоци која се состои од обрасци на мозочни бранови ги снима со помош на дигитализиран ЕЕG и компјутер RЕМ фазите на сонот и создава одредено физиолошко јадро 28 okno.mk на податоците.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од друга страна, пак, покрај психолошкиот одвраќачки ефект, ваквата драконска казнена политика може да има и спореден контра ефект – судовите, знаејќи дека ова е престрога казна за одреден прекршок, да се воздржуваат од изрекување на глобите, што секако, повторно, ќе биде на грбот на работниците. в) Со носењето на новиот ЗРО (2005) продолжи тенденцијата на ублажување на казните за работодавачите, што подоцна беше „поправено“ во обратна насока: 63 •  наместо класификацијата на две групи казни за работодавачот – од 50.000 до 250.000 ден. и од 30.000 до 200.000 ден., кај казните за точно одредените прекршоци (чиишто број, патем речено, порасна од 23 на вкупно 31 – што секако е за поздравување), се променија износите – така што минималната граница се зголеми двојно, и сега изнесува 100.000 ден.; но, од друга страна, пак, максималната граница се спушти и сега таа изнесува 200.000 ден. (чл. 264, ЗРО/05); •  ако работодавачот е физичко лице, казната за наведените прекршоци изнесуваше од 5.000 до 7.000 ден. (чл. 265, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Смачено ми е од термини, терминологија.... користење на точно одредени зборови за да се изрази невидливото.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ова се луѓе од некој далечен свет, од одредена планета и имаат точно одредени очи, точно одредени уши, одат со нозете на точно одреден начин и носат оружје и размислуваат и се борат, и имаат точно одредени срца и секакви други органи, точно така како што уште многу одамна беше утврдено.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)