Во периодот што следи, фирмата најпрво се трансформира во ЗОИЛ „Македонија“ (филијала Битола), за да во турбулентното транзи- циско време – поточно во 1997 год. – истата се продаде на интер- националната групација за осигурување „Кјуби“ (QBE Insurance Group), со главно седиште во Австралија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Прикривањето на вистината е всушност наведување на лага!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
262 Божиновски против Кјуби Спорови за неисплатен минат труд, К-15, придонеси за ПИО и испратнина1 Supressio veri, suggestio falsi.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Значи острото око подразбира правилно поставена- точна – прецепција, вистинска согледба на нештата, точно во тој момент- без тоа не бидува ништо.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Острите високи карпи издадени кон небото чиниш го допираат, а низ нив е сончевиот зрак, наутро, за прв пат, прецизно паѓа точно во полето.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
И повторно навртувајќи го погледот точно во врвот на нејзините црни очи...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Како и секогаш во случаите кога се прават сплетки, има нешто точно во реченото.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кај нас, ако ми верувате, секојдневно пристигнуваат бројни, најразлични барања за финансиска помош, но ние на сите нив мора да им објасниме дека едноставно нашата работа не оди на тој принцип, ние однапред планираме, изготвуваме нацрт план за буџет кој е определен точно во сегментите во кои се занимава оваа организација.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Кога утрото не се појави точно во петнаесет до девет, како што вообичаено бевме договорени да се состануваме на кривината пред нејзината зграда, веднаш ми стана нешто сомнително.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Затоа едвај чујно, со ненадејно пресушените усни, седумпати ја промрморува пасхалната желба „Leshana Haba‘a Bi‘rushalayim!“ 3 со која си посакува (и) следната година да оди во Ерусалим, точно во моментот кога стјуардесата поминува со тесната количка низ коридорот на авионот со задреманите патници, нудејќи им го на будните вториот окрепнувачки пијалак, но брзо го одминува белобрадиот рабин кој мрмори со усните помислувајќи дека тој се моли.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Цел живот залудно се обидував да сфатам во што битно е осмислен животот, каде е и што е тој, и дури откако докрајчи патот ја осознав таа вистина дека тој е тука, точно во овие коски, кои гризејќи се сами себеси - го изгризаа и него.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Се засолнале од невремето, а громот точно во неа треснал.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Двете мали дупчиња, што беа точно во центарот на месечинското лице, протестирајќи свиреа, но тој послушно пак ја наполни чашката и го остави шишето на шанкот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Немаше сомнение дека голема змија лежела таму, точно во таква позиција во каква што ја виде таа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Знам точно во детали што се се случило, исто како да сум бил таму.”
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
И ете, наспроти сите божји нешта, Сега луѓето застанати на прозорец гледаат и се крстат: Точно во таа доба и од страна зад која исчезна таа Квечерина, заедно со ѕвездите - изгрева и сонцето.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Млекарки со полни ведра кога се враќаат од молзење и разбој и на него мајка ти врз бесконечната ливада на веленцето што го ткае спроти Велигден да гледаш постапно како никнуваат на милиони цвеќиња, тревки, плодови и незаборавна, точно во тие години, во пределот на првиот допир, да почне една војна, постапно да го изумуваш својот татко, тој да исчезнува низ времето, да потече и крв од твојата нога за да сфатиш дека твоето детство стои допрено како божјак до војна и молчи...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Денес, трагите на пепелта водат точно во тој предел во кој лесно се распознаваат запретаните, (неизгаснатите!) огништа на првата средба со видливото.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Таа секогаш толку точно во исто време ги истеруваше воловите на пасење, така што секоб утро со сонцето се пресретнуваше штом излезеше на горната страна од орманот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Среде одајата, непознатиот нејзин градител, или пак, оној кој го донесол записот, на подот изобразил слика на огромен црн пајак, поставен точно во средина на пајажестата мрежа; среде пак грбог на пајакот имало едно бело крвче.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Првиот ред, точно ако е сочинет, самиот ќе се сети што треба зад себе да роди, како што зрното само од себе, со Светиот Дух во него се буди точно во времето на кроењето на лозјата, напролет, и никогаш не доцни, иако сонце не гледа, оти под земја е.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Трети пак, ласкавци околу царот и логотетот, велеа дека записот е донесен тука затоа што на него стоело дека, ако се сака мир меѓу народите на лицето на земјата, мора тој да се донесе и постави точно во центарот на светот, во центарот на вселената цела.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И, точно во центарот на пајажината, на она место каде сите нишки се спојуваа во точка една, лежеше огромен, колку две дланки црн пајак, со раширени нозе, со бел крст на грбот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Речиси сум сигурен дека не го слушна дури ни ова мое неконтролирано вежбање на гласот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Никако да ја сфати загриженоста на нејзиниот татко.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Што се однесува до Јана, таа и сега седи во нејзината соба. Поточно во собата до мојата. Самува!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Навистина, објасни ми, какви ти беа намерите при преземањето на овој, најблаго речено, чуден чекор“, прашува по којзнае кој пат иследникот .
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Она повторување, повторување, повторување: Факт е, повторува иследникот, или предметите од собата, откако ќе ми се внесат во лицето, факт е дека во среда попладне, точно во 17 часот, си виден како и се приближуваш на Јана, ќерката на Ѓурчин.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Твоето приближување за среќа го забележало лицето што е одредено да внимава на Јана!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ѕидот е покриен со голема сенка чие движење вешто го прави точно во исто време и татко ми.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
За да ја воспостави таа поента и за да покаже точно во која смисла е вистинита, Милер се впушта во опширно и подробно исчитување на мјузиклот Циганка од 1959 година од Артур Лаурентис, Џул Стајн и Стивен Зондхајм и се обидува да ја објасни емоционалната привлечност што ја имал за некои геј-мажи во тоа време (и за многубројни геј-мажи оттогаш).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Се договараме: точно во седум, ама ни минута порано, да ја повикам на „овој телефон“.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Го олабави прстот од чкрапалото, исцрпен, се бореше за здив, му се чинеше како точно во срцето да го клоцнал коњ.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Во одеднаш разбудената ноќ околу него тропотеа чекори, лаеја кучиња, пискаа женски гласови, пцуеја мажи.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Е, за таква шлаканица, деновиве прочитав во незавршениот роман на Петре М. Андреевски , „Бежанци“, поточно во расказот „Шлаканица“, еден од осумте раскази (објавени во истата книга со незавршениот роман) под заеднички наслов „Боеми“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Така, славниот музичар за да и зададе смртоносен удар на желбата што го нагонувала кон пороци, одлучил секое утро, точно во 6 часот, да оди во црква на миса и на молитва.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Војната во бивша Југославија започна точно во исто време, на почетокот на 1991.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
По мое, вели, најдобро е ако тргниме одовде в сабота зараното, па таму некаде пред Прилеп или точно во Прилеп да нè изгрее сонце.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А кога тие, неговите клетви и молитви секнаа, (точно на годината откако бил извршен злосторот и точно во истиот месец, во време вршење) ден, два, потоа, во ливадите во Три Дабје се јави еден глас; беше среде ноќ, беше јасна месечина, туку грмна, како од земја да изникна, дотогаш на никого непознат во Потковицата: Море огреала, огреала јасна месечина, море што е време, што е време коњи за крадење, моми за љубење.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Точно во тоа време ме известија преку тајни канали дека Сталин бара да се прекине со дотогашните методи од кои помодрував: ме следеа, провокаторски се обидуваа да ми поттурат леб со здробено стакло во тестото, ми се закануваа со нокти и со ками.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Едноставно, лешникот, онака заоблен, мазен и тврд попрво би отскокнал отколку што би се распукнал од ударот, сечилото само би го допрело и би се одбило, освен ако не удри точно во онаа точка која е самиот, најосамен врв на лешникот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Не се знае точно во кој дел на светот го дочекала последниот свој час Рубина Фаин.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И тогаш кога си точно во таа точка, целосно не го опседнуваш местото.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Родена сум во оваа земја, лоцирана точно во центарот на светот.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Возот поаѓа точно во 12.00 часот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се колнам, точно во тој тажен и многу жалосен час, во мигот на разделбата на топлото буниште видов како еден млад, бесен петел со премногу впипрен китик ѕверски налета на едно кротко коковче што ситно со ножињата си чепкаше по гнојчето и, ни пет ни шест, бесрамно го пови под себе, ама, за едно секунде, само окото што ми трепна, проклет да бидам, тоа не рече ни грк!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Точно во дванаесет часот неочекувано беше соопштено дека сите вработени во Министерството се слободни до утре изутрина.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Пладнето беше врело, а приквечер, точно во седум, од запад дувнуваше ветре.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Притоа, Судот на авторот на овој текст, и покрај писменото барање, не му овозможи увид во списите на предметот, поточно во добиениот владин одговор – што, пак, е спротивно на Деловникот за работа на Уставниот суд (1992). 3. Сл. весник на РМ – 37/97, 25/2000, 101/2000, 50/01, 25/03, 37/04, 4/05, 50/06, 29/07, 102/08 и 161/08. 171 1) да му престанал работниот однос во претпријатие 4 со доминантна сопственост на државата;
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
И додека и кај самите работници и кај пошироката јавност има јасно изградена свест дека работничките права константно се кршат, тоа е далеку од точно во поглед на намалувањето на работничките права.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Во двополноста на јазикот, византиски и народен
машки и женски
во прекинот со традицијата, или поточно
во губењето чувство за продолжување
на родот, стилот, ритамот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Го дели времето. Без задоволство. Точно во пет часот попладне.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Маријанти им се восхитуваше на албанските морнари кои точно во шест часот наутро излегуваа на рамнинката и десетина минути вежбаа со пушките.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Точно во дванаесет кутијата што беше обесена на една од гранките на врбата почнуваше да трешти, да кркори, да ѕвечка и веднаш потоа, чиниш низ карпи, ридје, шуми, бури и ветришта се провлекуваше и мачно излегуваше од кутијата мелодијата на „Емброс ЕЛАС ја тин Елада“.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Секоја вечер, точно во осум, потпирајќи му ја главата, му аваа по чаша вода и две жолти апчиња.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Умееше, велат, да ја изведе својата “музика” горе-доле по полниот орган, погодувајќи точно во најосетливите ерогени зони кои, секако, кај секого се различни.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Сите се боцкаа точно во вената, освен (а кој друг) Дачис која се боцкаше под кожата.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Еднаш на планина удрил некоја трудница која носела вреќа јаглен, па, среде улица побацила крваво, мртво бебе, а Кеиф излегол од колата, седнал на тротоарот и со стап брчкал по локвата крв; полицијата го испрашувала Аракнид и на крај ја уапсила жената заради кршење на Санитарните прописи. (...) Леиф Баксузот, Норвежанин, беше висок и слаб со кружно крпче околу едното око, со замрзнато лице и со постојана насмевка.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Но, каде одеа никогаш не знаев. (...) Извесно време и Џерард живееше во Фектори, но тоа не траеше долго.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Таа ја зема чашката, си ја става на главата која бавно ја свртува на страна. Burroughs го зема својот star-automatic, нанишанува, повлекува и ја погодува младата жена точно во слепоочницата.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Голи, стимулирани со афродизијак, збунети од постојаното набљудување и спреченоста да се олабават со мастурбирање (ерекцијата во сон автоматски вклучува огромна електрична зујалица чии вибрации го исфрлаат субјектот од креветот точно во смрзната вода, со што случаите на водени сништа се сведуваат на минимум).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Сите беа неверојатно слаби, освен, секако, Дачис која беше неверојатно дебела.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Точно во 12 часот се нанижува најголемиот светски ѓердан од бакнежи.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Точно во седум и пол Александар од VIII а застана до јарболот - екна химната - свиреше оркестарот и хорот пееше- а тој полека го креваше знамето, ама немаше квечерно ветре да го развее.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Она сум што не постои. Помислата на незнајно - точно во тоа ме пресоздава.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
И вие ова ќе го сторите во една среќна пригода ослободени од голема отуѓеност за време на еден престој во Франција, поточно во Прованса.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Но оваа интерпретација е мошне разбирлива и причината е точно во овој карактер истовремено толку неопиплив и толку прониклив што сте му го дале на вашиот роман: многумина други можат да се асимилираат и препознаат во него.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Останатите сили на 107-та бригада од кај селото Јановени во насока на Стеницка да извршат изненадувачки напад точно во 20 часот и 30 минути и да продолжат сѐ до утринските часови.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Пресметала точно во седум да влезе в канцеларија. Совесен службеник. Нема што.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
- И потоа си легнувате, а? Со кокошките, рано.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Не знаеш! – се чуди. – Секоја вечер, точно во 19,30 часот, пред да си легнеме, на радио слушаме по една прекрасна бајка.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)