точно (прил.) - земја (имн.)

Настојуваше постојаната потрага по спасот на главните ликови на сагата, низ помирување и толерантност, одбивање на границите и делбите, да ја види како реалност на земјата, регионот, на народите кои имаа долга историја на страдање.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
XXVI Долго време Елен Лејбовиц на еден брилијантен, можеби единствен можен начин, за кој долго време се прашував и никогаш не најдов одговор со што го бев заслужил, го бранеше постоењето на мојата балканска сага, живееше со проблемите на моите јунаци, со смислата на нивното книжевно и можеби реално продолжување, ја бранеше нивната книжевна одисеја во Европа, потоа ги бранеше земјата (поточно земјите на авторот, како што таа нагласуваше) и авторот на сагата во времето на конфликтот во Македонија во пролетта на 2001 година.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)