точно (прил.) - ги (зам.)

110. Како активен учесник во сите овие манифестации на младата македонска интелигенција, Мисирков навистина точно ги предава настаните што може наполно да се следат во постојната архивска документација во Белград.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Неговите зајадливи пародии и напади против германските малограѓани, војници, воени богаташи и укочени чиновници Валтер Сокел точно ги означи како паралели на Стернхајмовиот испрекинат дијалог.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Има една народна поговорка, со која народот многу точно ги обележил, ги окарактеризирал фалбаџиите: „Празна каца далеку ечи.“
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Тој ништо не рече за сево ова, но Мајка убаво ги разбираше и точно ги толкуваше Татковите премолчувања, напати појасни од самите зборови. И на тоа заврши...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)