топло (прил.) - и (сврз.)

Последна воздишка на ѓупското лето. Топло и златно е планинското пладне.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Добиците растоварени, врзани за стеблата, штипат од тревата што им е под муцките. Топло и зелено е во котлинката.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Митко го зема ниското столче и се наместува зад печката, до ѕидот. Тука е топло и пријатно.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Имаше нешто толку топло и нежно во маминиот глас и така слатко приспивно, и јас заборавав на сите задачи од математика, на сите домашни и заедно со Ели се занесував во сладок сон.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
БОЖАНА: (Топло и благо). Костадине, синко! Немој, не мисли толку.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
БОЖАНА: Ти знаеш, Костадине, уште од старо е така!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
- Така, нека ви биде чисто, топло и меко! - се фати Бојан себеси како зборува на глас.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Смеата имаше нешто толку топло и скокоткаво во себе, што тој само по малку, кога го сети допирот на јазичето на тоа ѓаволесто срнче на својата дланка, веќе не можеше да издржи да не го погледне и да не му се насмее гласно на тоа ситно, скокоткаво ливотче, со кое можеше и така да се шегува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некаде далеку угоре по долината, кога неговата разоденост беше престорена во една свикнатост, од која му беше топло и пријатно во секое делче од неговото тело тој, сосема мирно, продолжувајќи без тешкотии да се пробива, почна еден обичен, тих разговор со оној свој самјак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше таа една негова добра жена, беше за неа секогаш нешто топло и пријутено, што го чекаше во нивната куќичка на крајот од селото, што ќе продолжеше да го чека сè додека не си дојде тој.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А погледот им остануваше постојано заталкан и на самата граница на изгубеноста во тоа разресено и ниско стежнато небо, кое изгледаше исто како над шумата да беше налегнат некој со години нестриган овен со своето руно, под кое беше исто онака топло и заглушно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во собичката му беше топло и јамакот шумеше на печката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јаков чувствуваше дека телото му е топло и од кожата, му се стори, му испарува преостанатиот дел од дивите мириси на Ребека.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ванчо Николески е поет кој е роден на село, живее на село, работи како учител во многу наши села и како син на нашето село, тој во своите творби најмногу го одразува нашето село, пишувајќи за него топло и непосредно.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Требаше навреме да открие што црв имаше влезено во нејзиниот Костадин, уште кога почна да го алка местото околу селото, тогаш требаше да го врзи за гашникот, сега уште ќе си беа во тоа богато и мирно и топло и спокојно село.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Нешто топло и мило му се разлеа во душата и тој се сети на песната: „Зора зори, ден се бели“.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)