Кој ќе чуе како ќе рече: „Тиии! Ами толку ли чурук била таа пуста жена, сиот трошок по неа фатил само пет лири!“.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
„Ах Митро, ах брлива главо! Толку ли не ти текнуваше оти тиа жени шо ќе дојдат за етрви носат деца?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Толку ли сме лоши, толку ли сме грди, ослепаго, та неќиш да нѐ видиш.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Море оти, Толе, оти сине, да не си идиш, оти да не нѐ гледаш. Толку ли ти одмилеме, сине на мајка!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се однесуваат нечесно кон себе си и поради тоа неможат да им дадат значење на некои од суштинските работи кои ќе му дадат вредност на нивниот емоционален живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Луѓето чувствуваат немир, незадоволство, страдање зошто се исплашени од префинетата искреност. - „Толку ли е тешко да се биде искрен?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Абе ти, толку ли не си вешт да ја прочиташ фарсата? А згора на тоа си и професор, писател, и што уште не.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ех... толку ли е тешко да се живее раат и да се остави другиот на раат?
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Толку ли го цениш името и трудот на татко ти?!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Толку ли е преполнето?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)