толку (прил.) - убаво (прил.)

— Мори, му скрои, златна Доле. Му скрои нешчо, токо зар толку убаво како чорбаџичките! Му скрои, Ристе ми донесе басмичка од Прилеп, затули тамо едно вурдуче, како сака нека биде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Знаеше толку убаво да раскажува, што нам сѐ ни личеше на приказна.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тука беше нејзината невестинска кошула, бела како снег, со ситен алов вез, која ѝ стоеше толку убаво кога беше невеста - висока, јадра, црноока и чудно убава Бојана.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А ќе те пофалиме и тебе кога ќе нацрташ нешто, макар и не толку убаво, но твое.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Друг толку убаво, кревко и тихо не беше запеал ниту запеа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ако добро се загледаш, можеш да откриеш и нешто пријатно; долж реките игриво, весело и расцрцорено летаат едни златни ластовички кои толку убаво стојат на црната подлога.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Запаливме свеќи и коњот го испуштив И не знаеш каква радост му ја осветли душата Зашто никогаш толку убаво не светкала тревата - Како вчера по луњата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Одеднаш, нешто толку убаво ѝ засветка на сонцето со сите бои на виножитото, што таа се затрча натаму , но нешто страшно се случи: се најде заплеткана во танка прекрасна мрежичка.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Бевме толку убаво расположени што по улица одевме гласно кикотејќи се како луди на брашно, се клатевме и секој час се удиравме еден во друг.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Толку убаво мирисаше! На лаванда, на нешто тајно и чисто.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А ќе те пофалиме и тебе кога ќе нацрташ нешто, макар и не толку убаво, но твое.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Се валкаа низ тревата, а таа толку убаво мирисаше, што просто мамеше да си го забуцаш носот во неа, да се зајди од мирисање.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Вечерта беше „лудница“! Никогаш толку убаво не сме си поминале и со толку многу нови фаци не сме се запознале.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Пред „Лондон” отидовме цела сурија деца од Капиштец: Снеже, Тања, Мацка, Весна, ... дојде дури и Горан, кој ми е многу добар другар, но не излегува со нас оти си има девојка, но беше замината на летување, па и тој нѝ се придружи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Надвор е толку убаво, просто волшебно.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Колку повеќе ја боли, толку поубаво пее.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Орото се растури уште веднаш штом стана Башмајсторот и сега заминуваа, цела поворка, цела тајфа, додека жените довикуваа по нив „Создравиеееее - “, а буките крај патот имаа зелени, распукнати, набабрени пупки и селото во таа утрина се чинеше толку убаво, ги видоа наеднаш сите убави работи во него и некако копнееја од тоа, сите со по една стегната вилица и со нешто меко, болно и ранливо во погледот, заскитен напред.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тие така беа воспитувани: колку повеќе неверници ќе погуби Турчин, толку поубаво место ќе добие од Мухамеда во рајот. Секој си одеше со својата сметка.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тоа е вистината, соколи, толку убаво сега сте навлегле во содржината, во идејата, - заклучуваше победоносно, гордо.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Клала ниет еден ден бабата да варди и да види кој ет тој што ѝ ја супраа куќата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Туку седи баба и се чуди кој ќе биди што му ја суправа толку убао куќата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ти, неранимајко, ти непослушко, знаеш ли дека ќе те натепам толку убаво што ќе запомниш?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Но сите одбија да влезат внатре, зашто во градината околу куќата беше толку убаво и свежо, што никому не му се влегуваше во затворена соба.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Сѐ си било толку убаво и совршено, како во театро и опера, како на парада и карневал.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се насмеаја, и додека ја прегрнуваше таа чувствуваше толку убаво што знаеше дека венчавањето ја ослободило од грдотијата, како што блескавиот меч се ослободува од кориците.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Никогаш не сме играле толку убаво!“, забревтано рече Минк, со заруменети образи.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)