толку (прил.) - одамна (прил.)

Вчера ни се чинеше, дека сето тоа се случи толку одамна...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кога му пристапија сините униформи и му ги одврзаа рацете тој веднаш почна да се оправдува: „Добро, признавам, им го дадов огнот, но тоа беше толку одамна! Делото е застарено!
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Добро, вака: „Некогаш, не баш толку одамна, и самиот сонував за идеални светови, неизвалкани од ропската потчинетост на профитот и политиката.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сега, откако активизмот за ХИВ/сидата, иако не и самата ХИВ/сида, некое време се потповлекува од првите редови на машкиот геј-живот, барем кај Белците во развиениот свет, сега кога политичките потреби на активизмот за ХИВ/сидата се менуваат, сега кога жалоста и гневот почнуваат да го губат монополот врз бесот на настраните афекти што може да се изразат отворено и сега кога квир-културата одново изнаоѓа континуитети помеѓу современото лезбејско и геј-постоење и претходните, претстоунволски облици на сексуално отпадништво, изгледа дека е сѐ повозможно да се испитуваат аспектите или димензиите на внатрешниот живот на хомосексуалноста кои не толку одамна изгледаа политички сомнителни, да не речам невкусни – и кои, во секој случај, не смееше да се истражуваат подробно.107 4 ПЛАКАРОТ НА ХОМОСЕКСУАЛНОСТА Современата геј-култура почна да ја користи новопронајдената можност да го истражува внатрешниот живот на хомосексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Разговорот меѓу него и Пискулиева се вртеше на прво време главно околу животот, луѓето и случките од нивниот роден град, што стариот толку одамна го напуштил.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)