толку (прил.) - искрено (прил.)

Колку пати сакав да избегам од класот само да не го слушам тоа толку чисто, толку топло, толку искрено сакано - мајка ми.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Лакрдија на чувствата, инсолентни, инстантни страсти.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Толку искрено го постави прашањето и ме погледна право в очи што не можев да скријам. А и немав зошто.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Пред да ѝ одговорам, бев веќе сосема сигурна дека одговорот е потврден.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но, ете, сега кога дојде денот да си ја пуштам душичката и јас некој да сакам, да му го кажам тоа во лице и толку искрено, можеби ме стаса казната.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Но светот се промени толку многу што дури и вљубувањето не е толку искрено, страсно и слатко како некогаш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Милиот - толку искрено и длабоко ја почувствува мојата мака...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Воскликнувам од радост кога го читам ова толку искрено богословие.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)