толку (прил.) - брзо (прил.)

Ама бидејќи се толку брзо се одвиваше, не можејќи во паника да ги изброи, туку само ги следеше, не успеал да забележи дека дел, неколцина, од пустите Турчишта, на кривината низ шумата се одвоиле од другите.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Никогаш за толку кратко време големите разлики на овие луѓе не биле толку брзо збришани, претворени во заедничко верување.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Жената се врати... Внатре беа членовите на Месниот скопски комитет.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Проштевај, Донке, те измачив! Немаше друг начин, дење напладне и толку брзо да ги пренесам бомбиве и фишециве.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Само што тие, благословените, понекогаш се затвораат толку брзо и ненадејно, како капиите од дорќолските авлии под ударот на кошавата 6.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А ова човече, мислам дека е покрај нив, и тоа дека стои крај рајските двери од нивната внатрешна страна...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
4. Од друга страна (и тоа е всушност она што Маргина најмногу ја интере­сира и со што подлабоко ќе се поза­нимава во следните броеви) новите брзопојавувачки и исто толку брзо исчезнувачки медии (особено печате­ни), како да немаат никаква сила подлабоко да � се спротивстават на таа политичка и идеолошка инерција, да � се спротивстават на начин единствено можен во градењето на навистина плуралистичко општество: со професи­оналност и компетенција.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
„Зар може толку брзо да ме заборави и да ме неќе?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Откако се пријавив ме фати некаков чуден страв - или подобро да речам - некаква возбуда при помислата: Што ќе биде ако другарите ми се смеат...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Одеднаш ми дојде и јас да се пријавам за нешто, па без да размислам се пријавив за трчање на 60 метри.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И можеби токму од таа мисла ми дојде некаква скриена сила па трчав толку брзо што стасав прв на целта.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
На два прста сметаат толку брзо, што се во тоа подобри од најголемите математичари.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Овие машини сметаат толку брзо што им е доволно само собирање 1 и 0 и наредбата „дигитализирај“ и со тоа се откажуваат од сите математички подобру­вања.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Беше јасно дека на Мирон Донски не му се допаѓаше што толку брзо растеше Татковиот углед меѓу младите историчари, меѓу ориенталиститете и другите истражувачи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Моите нема да стигнат толку брзо - бараше во себе сили, бараше причини што ќе му ја вратат цврстината и решителноста.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Таа вештина им овозможува толку брзо дејствување, што нападнатиот бидува совладан пред да сфати дека воопшто бил нападнат.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И јас го гледам тој човекот што толку брзо леташе, го познавам, ама никогаш не сум го видел и затоа пак не можам да го препознам.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тоа се случило толку брзо и толку неочекувано, што тројцата железничари не стигнале дури ни да им викнат дека во погрешен воз се качуваат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но знаејќи си го Јована за штеркнат во умот, не само во тоа што не виделе ништо сомнително, туку, напротив, им станало смешно и жално за човекот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
При колвењето пилците ги заобиколуваа моите зрна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тие толку брзо колвеа а никогаш да згрешат!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За да ги збунам фрлав напати камчиња слични на зрната жито дури и по боја. Им ја тестирав интелегенцијата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа се случи толку брзо.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Срцето ѝ се насладуваше од зачудувачката виталност на лубеничето, зашто тоа растеше толку брзо така што речиси можеше да види како лубеничето дрочи пред нејзините очи, исто како и лебот, што мајка ѝ имаше обичај да го стави на полицата над шпоретот за да нарасне пред да го стави да се пече.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се оттргна на мене, се исправи и се смири толку брзо што јас и заборавив дека пред тоа плачел.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Таа толку брзо го изговори тоа, дури и Баждар се збуни и шмркајќи зад брадата се доближи до мене и се потпре со едната нога на ѕидот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И одеднаш, додека Земанек јуреше, под едно дрво на Зајачки Рид, го здогледав паркиран џипот на Фискултурецот; поминавме крај него толку брзо, што ми се стори дека само во еден блесок на фарот ја видов главата на Луција зад прозорецот; му реков на Земанек да застане; тој се двоумеше, прашуваше зошто, и јас му реков: „Луција е внатре со Фискултурецот“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во ситуација кога се е разиграно, раздвижено и толку брзо се врти, ти треба да ја имаш доволната мудрост за да навлезеш во туѓите погледи – рече старецот, па продолжи: Првото што ќе го здогледаш е бојата на очите.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
После сите денови на радост и смеа, после сите убави моменти што толку брзо помина сега двајцата бевме тажни.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Кога деновите се сретнавме пак на клупите во паркот таа ме праша: - Зошто толку брзо си отиде онаа вечер?
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Со лицето прилепено на прозорското стакло ги гледав пределите низ кои поминувавме, а тие толку брзо поминуваа пред моите очи, како некоја филмска лента.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Толку брзо колку брзо ќе стивнат воените бури, колку брзо војската владина ќе биде протерана и ќе ги снема авионите и топовите. Така беше речено.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кутрата Марина! Како ли ќе навикне на оваа туѓа жена, која треба да ја замени мајка ѝ... и тоа толку брзо, на маќеа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Знаев дека тешко може да ја придобие некој Марина, и тоа толку брзо по ужасната смрт на мајка ѝ..
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Не можев да поверувам дека татко ѝ толку брзо се решил на овој чекор.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Овој киберкомуникациски процес толку брзо напредува, што за да се натпреваруваат, светскиот информациски пазар на 21-виот век, нациите, компаниите, дури и семејствата мораат да бидат сочинети од ориентирани кон промена, имагинативни индивидуалци кои се познавачи на комуницирањето низ новите киберелектронски технологии.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Електронските мозочни орудија се менуваат толку брзо што секои петнаесет до дваесет години новата генерација создава нов вид.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Припадниците на новиот вид едноставно се многу попаметни од старата гарда.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тие ги вдишуваат новите информации како што вдишуваат кислород.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Секој стадиум на човековата култура дефинира меметичка еволуција во однос на неговите медиуми, неговиот јазик.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со часови седеше во детската соба слушајќи ги своите деца како на глас спремаат испити и беше горда што толку брзо читаа, дека на факултет.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Единствено со децата лесно излегувам на крај, се чини дека од стрико ми Ото сум ја наследил само таа позитивна особина.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Животниот век на моите планови се смалуваше толку брзо што на крајот тие се претворија во кратки, мимолетни мисли што не можев дури и никому да му ги објаснам, затоа што не ми беа јасни ни мене.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Подоцна, не можеме да престанеме со зуење; не можеме да седиме мирно; нема да верувате колку бевме откачени; мастиките ги џвакавме толку брзо што ни се растопија во уста.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Што уште се случи? Вообичаени работи: ги пресушивме резервоарите на вода; демек првпат вистински ја разбравме музиката; расположението ни зависеше од тоа дали патките се движеа кон нас (радост) или од нас (разочарување).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Зошто толку брзо ми здосадува сѐ!? Ќе полудам од овој немир.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Чудно, сѐ е толку чудно. Зошто материјата толку брзо ја менува агрегатната состојба?
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сè се смени за толку брзо време.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не верував дека толку брзо може се да се испреврти.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Снегот паѓаше толку брзо и лакомо што ги зарамни патиштата и изнафрла високи соспи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ја напуштав Казба со забрзани чекори низ долгиот коридор, крај шефот на дипломатскиот протокол. И самиот не можев да разберам зошто толку брзо чекорев кога сета работа беше свршена.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тројцата играчи се чудеа како четвртиот толку брзо научи да игра, дури подобро од нив.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Светот е мал, гардовите не се шират толку брзо, нивните сокаци се криви, нашински и многупати слепи, претесни.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ретко сум видел некој толку брзо да ни пристапи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа не се обидуваше да се откачи од него, но чекореше токму толку брзо за да го спречи да оди паралелно со неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон не одговори. О'Брајан го врати лостот, на назад бројчаник. Бранот болка се повлече речиси исто толку брзо како што надојде.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Медиите се развиваат толку брзо што никој не поседува рецепти како да се работи, туку треба да се експериментира.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тоа е толку огромно и толку брзо се случува.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Не очекуваше дека таа толку брзо ќе се откаже од него.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Брзо се прибра: можеби е покана за суд, за разводот. Зарем толку брзо?!
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сѐ се одвиваше толку брзо, што и самиот тој се изгуби. Не се снајде.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Ако не појдеше кај детето и кај Хелвиг, немаше можеби да ѝ се случи, толку брзо да ѝ се врати кризата. - Можеби немаше. Но тоа беше во неа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Дури се гордееше што татко му толку брзо го ослободуваше од рацете на таа непозната жена.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ги насетив опасностите, ама не верував дека толку брзо ќе се разбудат старите страсти и зависта.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
...се набљудуваме еден во друг ја храниме жедта сѐ повторно се враќа сé повторно бега утрата ги засолнуваат крвавите траги во зеницата ја потиснуваат вистината на ноќта под погледот добро утро убав ден им отпоздравуваме на соседите мило мое ги гушкаме децата ќе ти се јавам им телефонираме на оние од кои не бараме премногу вратите се отвараат и затвараат куќите повторно градат повторно уриваат... ...дојди ми го извикуваш името змиите се множат толку брзо секој миг отровот ќе се разлие зарем тоа го сакаш да умрам за обајцата отфрлена осрамотена дојди татко си ми и љубовник спој се со мене заштити ме дојди ќе газиме по змиските глави ќе го минеме очајот без да погледаме надолу ќе се разбудиме во истата постела и нашите облеки расфрлени околу...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Тој впечаток толку брзо се менуваше што на набљудувачот не му останува време да изведе заклучок.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Потоа заодувал толку брзо што да ти се чини дека секој момент ќе почне да трча.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Границата толку брзо се менуваше што граничарите не стигнуваа да ја дочуваат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Мора Чакарвелика добро да ја завршила работата та што толку брзо и лесно Србин и Шишман се најдоа облечени во униформи на бугарски војници, со лавчиња на мусите капи и валани објала со опути на нозете.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
На снимката се забавуваат последните чекори на тркачите пред целта.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Беше како младич низ сиот свој живот, како мој врсник. А замина толку брзо.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Немаш веќе толку сила. Што мислиш зошто те намамив да патуваш толку брзо?
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Знам“, возвраќам тивко. „Останавме само уште шестмина.“ „А сето тоа се случи толку брзо!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сепак таа не се предала толку брзо, иако, кутрата, знаела дека е сама како гранка на исушено дрво.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Не сум видела друг толку брзо да се качува по бандера.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А кога ќе погледнеме подобро можеби веќе ќе биде доцна.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сите лоши работи се случуваат толку брзо што немаме време ни да сфатиме дека се случиле.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Болките и тегобите беа слични на тие што сум ги доживеал кога два пати во животот сум морал да земам лаксатив, само што овде олеснувањето не одеше толку брзо и толку лесно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога Ѓорѓија ќе влезеше во кујната, таа ќе се свртеше, не поздравувајќи се за добро утро и ќе почнеше да зборува како тој претходниот ден заборавил да купи јаболка, па како таа утрово немала со што да се заблажи или како Ѓорѓија не го исклучил светлото од ходникот и тоа горело цела ноќ - па, знаеш ли ти колкава сметка плаќаме за струја? - ќе се побунеше, заборавајќи кој ги плаќа сметките.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Вечерта баба Мирјана и дедо Владимир искажаа желба утре да се вратат дома во Кочани, да се подготват за Коледе и Божик толку брзо.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Кога ви пишував пред десетина дена по повод преведувањето на еден збор, јас не можев да поверувам дека толку брзо ќе се најдам во светот на вашиот преведувач. Веднаш ви го испраќам написот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сѐ уште не му згасна прашањето кога тие толку брзо успеаја да стигнат во седиштето во Преспа?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се зачуди што толку брзо се беше завршено.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Згора на тоа, немичкиот тое го зборуваа толку брзо што ми се чинеше како црцавулка слушам да црцори.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Не бев ни свесна дека времето толку брзо минало.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Не можат толку брзо да се вратат.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Мајка ми ја отвори и почна да чита. Читаше како да ги голта страниците, толку брзо прелетуваше преку редовите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Па кога остарел толку брзо?! - праша Бреза.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сфатив дека моите пристигнале до бригадата, но не знаев дали ќе ги стигнам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Мозокот почна толку брзо да ми работи, речиси се помирив со тоа дека ќе загинам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Многу плачев за чеизот, но исто толку брзо го прежалив. Потоа настана криза, потешко се купуваше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Види како ме изгребаа грмушките, немој толку брзо, не можам да те стигнам!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Можеш, можеш – ја храбрев и го забрзував одењето.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ни мајка ми, ни брат ми, ни татко ми не ѝ се рамни. За мене и за Саше да не зборувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Поим немам како ѝ успева толку брзо да ги прочита. Како да ги голта.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Малку ме чудеше, како може некој толку брзо да ме засака.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сè се случуваше толку брзо и ефикасно во неговата глава, толку конструктивно и дури насилно ефикасно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Да, те познав, зар мислиш дека толку брзо ќе ти го заборавам гласот!?
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)