толку (прил.) - близу (прил.)

Белки носеа поарни пушки, да а смене јас кремењачката моа! — се окуражи Куле и жалеше што не го погоди Салија од толку близу.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Аскерите се чудеа, како од толку близу ниеден куршум не го погоди.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Му пријдов толку близу за да ме осети. Рече: Дали - Јас реков: Дојди, мали.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Исто, како пред излогот на продавницата за електро-апарати, бевме толку близу соочени со светот на чудата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Собата се затемнува уште повеќе, и нејзиното исправено тело, посеано со тенки, скоро проѕирни ленти, што како бледо-црвени камшици ја обгрлуваат нејзината силуета, сега е сосема нестварно, а сепак близу, толку близу што го насетувам влажното дишење на невидливиот плот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Негде, на крај село, не толку далеку за да не се слушне и не толку близу за да се истрча од куќата, се растревожија кокошки: тоа бездруго итра ласица со крв ја гаснеше ѕверската ожеднетост.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сѐ повеќе време поминувавме во Макс, што беше нормално, затоа што беше толку близу и затоа што Мики и понатаму ни даваше на кредит.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во близина на Куманово, но не толку близу, туку на автопатот кој водеше натаму, си живееја едни човечуљчиња - патуљчиња, кои едвај дишеа, едвај се движеа, едвај работеа, едвај се размножуваа, едвај постоеја.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Прави сјајна кариера на дипломат од највисок ранг и доверба на својата земја и во мене предизвикува извесно задоволство и гордост дека сум го познавал.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тоа никој не го забележува, но таму се толку близу човечката немоќ и човечката семоќ.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Да, но не толку близу, нѐ дели ограда.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сето тоа беше толку близу, во длабокиве езерски води, а толку далеку, недостижно.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Стоеле толку близу, речиси очи в очи, тој од едната страна на капињакот, мечката од другата страна и само здивот нејзин ги делел.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Мора да ѝ се случуваше нешто ужасно, ја тепаа или чувствуваше дека е болна и токму кога Нора ќе запееше нешто од Форе, а јас на пијано, загледана во толку среќниот Луис Марија, налактен на крајот што му правеше нешто како рамка околу него, тој загледан во мене, задоволен, со лик на кутренце, чека да ги чуе арпеџата, двајцата толку близу и толку вљубени.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Ќерко, тоа беше последен пат да те молам да ме следиш на пијано. Се изрезиливме.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)