Среде оваа убавина, под ова чудесно планинско небо, тој Бојан е толку осамен, толку тажен!
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Леле, колку ми беше жал за него! Толку тажни солзи, немав видено никогаш дотогаш.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Се повеќе од нејна град се крева плач и пискотот што воздухот го полнат. Над овој толку тажен створ се збраа многу жени и со една тага болна ѝ шепнат тие збор по збор.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
А неговите очи! Големи и натажени како на срна!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Не ми изгледаше толку тажна како мене.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ако ни е допуштено да направиме една дигресија, ќе речеме дека Тажниот младич во возот толку тажен само затоа што знае дека движењето што го оживува веќе престанало да биде апсолут, стварност по себе, како што беше според класичната механика која им се покоруваше на системите од галилеевските координати, туку нешто релативно, зависно од системот за запазување.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Ако бев задоцнил само за неколку секунди, или ако срнчето истрчаше пред првите удари на Орде, сега не ќе лежеше мртво пред моиве нозе, а јас немаше да се чувствувам толку тажен.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
А, и зошто да биде?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)