толку (прил.) - среќен (прид.)

Иако поголем број луѓе кои земаат амфетамини не искусиле сериозни физички последици, освен ако се навистина толку среќни па купиле роба која или е неверојатно чиста или помешана со некоја друга токсична материја, овердоузот е чест случај.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се запрашував како да живеам без него, Тој кој во мене ги пробуди сите чувства, тој кој за кратко ме направи толку среќна.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
„Па добро, кога ќе станеш стар, не можеш а да не бидеш смирен, но таа секако ми го измени животот“, рече тој.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Бев женет три пати порано, но сега за прв пат сум толку среќен што сум женет“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Моето трето око е осветлено и се чувствувам убаво, бескрајно среќен, како да сум на Екстази, се чувствувам толку среќен што тоа морам да го поделам со вас, сакам да ви кажам сѐ, сакам да знаете сѐ за мене.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Устата ми е вкочанета, јазикот сосема мртов, а јас упорно се обидувам да ги забодам забите во долната усна, како да е тоа нешто што морам да го правам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А со толку среќни изрази на лицата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
За прв пат си толку среќен при допирот на земјата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А-га-та. Агата – свечената белина на паузата го исчекува следното прашање: Колку деца имал Самоил? 8,30 – 9,15: Мики е сè уште во вода до колена, со цигарчето што чади, а не се смалува.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Втората реакција се бесот и презирот кон стварноста и повлекување во некој свој внатрешен (виртуелен) егзил, исклучив и самодоволен, но би рекол, не баш толку среќен. – Стигнавме – ме прекина во невеселите размисли пријателот – новинар.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тој и не е толку среќен колку што изгледа.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Тие беа толку среќни!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но, Марија и Германецот тогаш изгледаа толку среќни, што не остануваше многу место за сомневање.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тој речиси го заборавил нејзиното смеење, нивното смеење, нашето - распојасано и отворено, весело зад болката, зад веселбата, егзистенцијален но сепак длабоко од утробата - но сега го слуша: Се смеат слободно, речиси беспо­мошно, како што некогаш често се смееја, понекогаш наспроти самите себе и околностите коишто беа сериозни или мрачни, или барем како што сакаа да се смеат, на почетокот: нивниот толку среќен, зачудувачки контингентен богато следствен некогаш одамна.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Долго потоа беше многу среќен од нешто необјаснето, толку среќен што му се чинеше дека може сѐ да направи.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Сите му завидуваме, како можеше тој да биде толку среќен?
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Ќерко, тоа беше последен пат да те молам да ме следиш на пијано. Се изрезиливме.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога го спомнав ова, Филипе, дали вие сте толку среќен затоа што, како што би се рекло, имате добра мајка?“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мора да ѝ се случуваше нешто ужасно, ја тепаа или чувствуваше дека е болна и токму кога Нора ќе запееше нешто од Форе, а јас на пијано, загледана во толку среќниот Луис Марија, налактен на крајот што му правеше нешто како рамка околу него, тој загледан во мене, задоволен, со лик на кутренце, чека да ги чуе арпеџата, двајцата толку близу и толку вљубени.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Свилата е вештачка, храната ужасно синтетичка и прилега на оние фалсификувани продукти со кои се колкаат мумиите, а жените – стерилизирани против несреќи и стареење – престанаа да бидат живи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Никогаш те немав видено толку среќна, ведра, озарена.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)