толку (прил.) - сличен (прид.)

Тажните гласови на репортерите, долгите кадри, сликите на мртви тела, погреби, лешеви завиткани во национални знамиња, ритуалните примања на воените одликувања, толку слични на примање хостии, ужаси проследени со балканско новокомпонирано дрндање, шлагери што со фолклорно дерење му се закануваат на непријателот дека ќе биде уништен, сиот тој новокомпониран патриотски фалш, таа кичерска пропагандна индустрија на војната - сето тоа се крчка во балканскиот лонец помеѓу трагедија и фарса, страдалништво и рамнодушност, сочувствување и цинизам, гроза и пародија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Па, ние сме толку слични. Дури обајцата имаме иста бемка и на исто место“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Неговите одговори беа толку слични, што веќе и самиот лекар, чувствуваше Елена, се нервираше при секое нејзино јавување.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)