толку (прил.) - паметен (прид.)

Не беше толку паметен колку што мислев.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ниту зошто тогаш станав толку паметен.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Да, неа уште не ја оставаше надежта. Таа сепак беше толку паметна да процени дека Пискулиев е исти страдалник како неа, да го промери и да го сфати како што тој можеби не би знаел да ја сфати неа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
БОРИС: Како се накотивте толку паметни? На ваши години мислевме децата излегуваат од папок. МАТЕЈ: Па од каде излегуваат?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Зарем изгледам толку паметна, па не ми помагаат околу ништо што се однесува на мене.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)