толку (прил.) - мачен (прид.)

Колку сакав вечерва да не биде тој толку мачен разговор, но сфаќав дека во крајна линија е сеедно.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ах, мако! Ах Македонијо мачна! Од што ли си толку мачна?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Овој писател ни ја нуди убавата можност за откривање на една од малку познататите книжевности на Стариот континент, така и за откривање на еден од најамбиционираните потфати книжевно да се предаде периодот на последните пет века на толку мачната историја на балканските граници.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Организаторската работа не е толку мачна затоа што организаторите често, мислејќи оти нивниот живот е поважен од животот на селаните, ги поставуваа на најмачните работи простите работници или народот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)