толку (прил.) - мал (прид.)

Графичката сличност на глаголицата со грчкото минискулно писмо е толку мала, што тешко може да се земе предвид во разгледувањето на изворникот на буквите во глаголи­цата, што наведува на заклучок за некое инакво потекло на нацртот на буквите на писмото.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Извори на писмата Ако за кирилското писмо изворот е јасен и неспорен - грчкото уставно (унцијално) писмо со додадени букви за типично словенските фонетски вредности, истото не може да се рече за глаголицата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ова е свет на халуцинација, Знаци, CIA И... И? Сега што? Како ли тие толку мали човечуљчиња- патуљчиња да ја протолкуваат оваа, од животна важност, порака?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Откако одлучив да гладувам, додека не пребледнам и премалам до онесвестување (а во донесувањето на ваквата одлука НЕ играше улога наближувањето на летната сезона и тековниот тренд на топлесот и тангата), преместувањето на работната маса ќе беше преголем зафат за толку мал човек како мене, па на крајот ги преместив компјутерот и работниот стол, како револт од немоќ да променам нешто поголемо во мојот застоен животен тек.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Всушност, и онаа што ја има - Искар, е толку мала за Софија, што би можело да се рече дека градот е без река.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Анализирајќи го сето тоа од денешна перспектива, од една временска дистанца која не е толку мала, ние можеме со сигурност да тврдиме дека репортерските записи на Никола Кирков влегуваат како интегрална составка на драматичните општествени, социолошки и културни процеси на времето што е мотив на овие новиварски анализи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во поголем дел контекстот сѐ уште е прилично сериозен.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Гронинг: Навистина е жално што се печатат толку мали, но барем содржински стануваат поживи.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сенката од стеблакот беше толку мала, што одвај му ја погодуваше зоврената глава.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Бидејќи пукнатината беше од внатрешната страна и толку мала, што можеше да се забележи само ако се симнеше лустерот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тие беа толку мали што беше вистинско чудо од каде им доаѓаше топлината за да си ги заштитат малите тела од смрзнување кога температурата беше под нулата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Неколку дена порано знаевме дека ќе дојдат за што не имаше известено повисоката команда, но не знаевме дека ќе има толку мали.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не знам по кој пат си помислував за тоа дека Ели е среќна што е толку мала и сето ова сè уште не ја измачува.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Беше тоа еден таков морничав страв од височините, а во соништата тој му се прикраде така, што секогаш се изнаоѓаше себе си осамен и несигурно стапнат на скелето на една толку висока градба, која ја имаше височината на сите оние недобројни зданија, создадени од него, уште од неговото детство, наредени едно врз друго, од кој наеднаш тие скелиња почнуваа да се отпетлуваат, бетонските плочи остануваа да висат над провалијата, тулите се трошни под неговите стапала и тој онаков малечок, навистина пргав, кажав, но наеднаш толку мал и страсен не можејќи да стори ништо друго против тоа, се отпушта оттука надолу, во онаа бескрајна празнина под него, која чиниш со жед го впива во себе неговото до непостоење лефтерно и ситно тело...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Како ќе живее тој таму сосема сам, без неа? Па тој е уште толку мал.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се искачува на мала плоштатка, толку мала колку да има место за него и за оној што ќе му ја стави јамката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Принцот веднаш по неа праќа пратеници; само една девојка во целото царство може да облече толку мала чевличка.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Само толку мал миг... а носи бесконечност во него...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Па тоа е толку мало поле, неколку ниви, што би се рекло.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тоа е тешко да се направи, бидејќи мрежата би требало да биде толку мала да ја собира во површината на ракавицата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Со толку мало дете...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Посебно толку мало.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Светот е толку мал За да се потроши цел живот Во темна заветрина Зад затворена врата.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Баба ми си рекла – зар е можно на Мила нешто такво да ѝ падне на ум, толку мало дете?
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Цело време гласно си размислував дека мене не ми е доволен само факултетот за да преживеам во некоја толку мала и затворена средина, за да бидам среќна и исполнета индивидуа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Толку мала земја. Да беше игла во стог сено, досега ќе го најдеше“, му вели. Го прекорува.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Во толку мала земја да не можеше едно име да најдеш!...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не мора сосема да го отвараме, само крајче, да видам што ќилим ќе е тоа да може да се свитка во толку мало пакетче, а башка што најмногу ме интересира, што им текнало дури од Индија да носат килим, кога мајка ми и овде одбива да купи оти најмногу сака подот да ѝ е гол за да има што поширок простор во собата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И се чуди од каде такви излеговме, таков чурук, вели, да не може човек да поверува дека воспитувањето има толку мала улога во развитокот на децата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Така вели таа, а ние двајцата никако да сфатиме што има лошо во тоа да си кич дете и што нејзе толку многу и пречат нештата што нам ни прават задоволство.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)