Гури Порадеци беше пресреќен, на кормилото, што ја минавме границата и, според предвидувањата, навреме и безбедно стигнувавме со чунот кон нашата поинаква иднина, станувајќи, за толку кусо време, емигранти на животот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Се измени во еден единствен ден. Подоцна, честопати се чудеше како е можно работата да се измени толку многу за толку кусо време. ***
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Татко ми го затвори радиото, го извади шнурот, и го однесе во својата соба, овој споулавен апарат што, за толку кусо време, посеа толку немир.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
„Всушност, јас мислам депонијата Дрисла, да речам попрецизно санитарната депонија Дрисла, онаа што е уште во пробна работа - нели? - не можела за толку кусо време да го уништи животинскиот и растителниот свет во реката, да речам рипчиња, ракчиња или што било во реката“, коментираше Ивана, цапајќи низ плитката вода.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)