толку (прил.) - солза (имн.)

Во својот долг живот, целиот жртвуван на среќата на своите деца и на семејството, Мајка изли толку солзи, и тоа секогаш во молк и во самота што, ако се откријат поводите и причините на нивното пролевање, би можело вистински да се расветли, да се дооткрие и да се допише семејната историја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Запрев над сиџилот врз кој имаше најмногу пепел и исто толку солзи. Лавиринт од пепел и од солзи. Сиџилот беше нецелосен.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)