толку (прил.) - сила (имн.)

Имаше толку сила само да стигне до фиоката во која токму за вакви прилики чуваше парче чоколадо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Снеже беше малку поприбрана, имаше толку сила само да воздивне.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога Татко ја виде Мајка и разбра дека книгите се вратени, имаше само уште толку сила во душата да ги прошепоти последните звуци од полифоната песна.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Веќе знам дека мофашите не очекуваа толку сила и дрскост.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само на мајките им е дадено толку сила и љубов, вели, само за нив господ има разбирање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Неговото тело свикнуваше да прибере само толку сили, за уште еднаш да се зададе во уште еден залет на тоа пеколно пробивање, превиткувајќи се и цепејќи го тесниот премин низ сета непроодност на сивиот ѕид на угорницата, по која пред неговиот поглед почнаа да му се испреплетуваат и некакви синикави кругови, недофатливи, ужасно изгаснати и вртоглави.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ако е за тоа, тој има толку сила за тебе да те загуби и би дошол сам.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А ние само што требаше да појдеме по него, проклет да бидам, - и сега не знам откаде толку сила, волја, храброст за еден таков ужасен, тежок пат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Толкава сила некогаш може да има соодветен прекор!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Благодарение на великодушниот придонес на петербуршката клима се разви болест побргу отколку што можеше да се очекува и кога дојде докторот, откако му го измери пулсот, не се сети ништо да стори освен да му препише топли облози, единствено колку болниот да не остане без благотворната помош на медицината; а меѓутоа, истовремено му најави сигурен крај за ден-денипол.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Немаш веќе толку сила. Што мислиш зошто те намамив да патуваш толку брзо?
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)