Ништо не е случајно што се случува на овие простори, ништо не се прави без цел и одредени очекувања и никој и ништо не е без вината на многу кои ја наместија и ја местат судбината На ова место и фрлија врз него толку несреќи...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И веќе никогаш никој не ќе знае каде е средето на светот, папокот на светот, и што пишувало во кобната книга што толку несреќи ни донесе.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Си велам: толку несреќа на едно место а тие моите дечиња се затрчаа да ја голтаат со отворени очи.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)