толку (прил.) - мака (имн.)

„Драги Клиневич, јас сосем сум согласен со вас и залудно вие... се впуштавте во такви подробности“, рече Тарасевич и продолжи, „Во животот има толку страдања, толку маки и толку малку одмазда... јас посакав накрај да се смирам и колку што гледам, се надевам одовде сé да извлечам...“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
ТРЕТАТА ЖЕНА: Имам право да истражувам зошто сме дојдени на овој свет, на оваа планета, каква е смислата на нашето раѓање, растење, минување низ најразлични маки и тешкотии, влегување во брак, повторно раѓање на децата кои минуваат низ исто толку маки, учење на разни вештини, желби за осознавање на светот и сѐ со мисла дека утре ќе бидеме среќни, а потоа губење на истите тие способности во староста и на крај умирање, исчезнување.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Деденце, деденце, ме слушате ли?“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)