толку (прил.) - крв (имн.)

Малечката разбушавена гејша со свеќа во проѕирната рака мрмори, претпоставувам: „кој би помислил, ај, дека во тој старец, ај има толку крв, ај“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Тука - вели тој - тука ме прободи...а од каде ли во мене толку крв?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Оваа тактика -вели Ѓ. Петров - јас ја нареков подла, откако толку крв се беше пролеала и толку другари беа истрошиле толку енергија...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Од каде, бре, кај тебе толку крв?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Знаев дека пликовите на неговата изгорена кожа се како наголемени рибји очи и верував, тогаш, дека под нив месото е црно и црвено, недојагленосано но не и со толку крв како пред тоа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бездруго треварите Никола Влашки и Пандил Димулев му ја натопиле сета облека од безбојни крпи со густ шарлаган од сончоглед, од кикирики и од афионово семе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)