толку (прил.) - му (зам.)

Не случајно уште тогаш пред да замине во Маказар, толку му се налути на Јане, кога овој му рече: Не си ти Симон тој човек, друг бил тој твој предок Никола Поцо, за кој ми кажуваш!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таа бахатост врз неговата личност делуваше упадливо автентично, дури толку му личеше што се чинеше како да му е некаква природна дарба, талент со помош на кој со леснотија остварува супериорност над својата околина.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Еден ден, над оваа нова пирамида од хрватски домобрани, кога најпосле ќе сфатиме зошто на нашиот хрватски интелектуалец толку му е мила и драга близината на моќниците, можеби ќе можеме за себе и за своите да замислиме некоја подобра иднина.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
- Веројатно на кметот толку му требаат.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се заврте лево и десно, го погледна вџашениот и нем народ и очите уште толку му закрвавеа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој сега стоеше на високо и под себе гледаше непокорна раја шо се дигнала да го брка неговиот падишах, а преку него и самиот алах, та затоа сите му беа мрски и недостојни за неговото внимание.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Андон се саштиса. Толку му беше мило и радосно во душата што не би ја пожалил во тој миг и куќата да ја запали, само да ги види однекаде градот со кого седи сега овде.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Секое нешто можеше да го одвлече неговото внимание од пакувањето, толку му беше одбивно тоа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Му го пополнував неговото време но со сето свое однесување како да ми стави до заење дека толку му е доволно, дека нема некакви други планови со мене.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
А толку му одеше по волја чинејќи сè да го задоволи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Постоеја моменти во кои нервите толку му откажуваа што почнуваше да вика за милост уште пред да почне тепањето и кога само погледот на една тупаница повлечена за да зададе удар беше доволен да го натера да почне да признава вистински и измислени престапи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако толку му значеше, како во почетокот, кога заминаа заедно, зарем ќе ја пуштеше така лесно да отпатува?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
На Карл толку му беше збркано сè во главата, што не можеше да мисли.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Нешка и се израдува на Крстевата посета, ама подоцна многупати ја исплака, кога комшичките девојчиња и открија зошто таа толку му се радуваше на тоа Крстево идење.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Можеше да го крене како малечко дете и да го фрли низ отворите за џамови, ама што од тоа кога толку му сечи акалот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Зајачето Шарко имаше име што не беше вообичаено за зајаците, но кожувчето толку му беше шарено, па само тоа име му прилегаше.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Толку му рече и побегна од него како да му се гади да го гледа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Исто ко лилјаците е овој Цветан: колку е потемница, толку му е појасен патот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На Дедо Мраз толку му требаше за да зине: - Аааа, значи ова е таа земја скриена во глобусот што ме довикува со години!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Толку му треба за да види се што има во најмалата, најнепознатата, најскриената државичка на светот, чудната земја Дардаванија.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ова ќе биде последен пат брат ми да ми ја плаќа киријата, штом тоа толку му пречи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Што?” „Брат ми вози такси и некој предизвикал пожар на задното седиште.“ „Стварно! Види, мајката!“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Оваа е фина жена. Седи со нас, душичке, ми вели и ми раскажува за Тексашките урагани.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Имаше пожар во таксито на брат ми.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Еднаш, додека шеташе со показалецот и средниот прст низ Сибир, толку му застуде, што настина во истиот миг и кивна токму врз Русија.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во еден миг ранецот толку му стежна, што Г престана да пее и крикна гласно како диво животно, толку гласно, што го изгуби гласот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Шишман спие во окопот, толку му се спие што се плаши дека војската брзо ќе ги изфупи бележаните и си вели:Барем уште малку да се забават та да се изнаспијам.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Затоа, постојано, во себе, колку што ѝ се израдува на Ица која беше исто така сиромашка но убава, исто толку му се израдува на нејзиното дете, малиот Едо прифаќајќи го како свое.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Така и толку му беше удобно.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Авторот како да го почувствува смогот во устата од што толку му се згнаси што ја фрли уште незапалената цигара.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)