толку (прил.) - сум (гл.)

Извишено се наоѓам на средината меѓу нив и како божем играм, пејам, се веселам, толку сум среќен.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Толку сум намрштен што е доволно само да се поместам врз радијаторот, но не се поместувам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А мене ми е толку многу тешко. Толку сум очаен.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Толку сум исцрпен и измачен од некоја неопислива мачнина.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И толку сум му благодарна на Кундера за таа теорија, затоа што ми помага од време-на време да ја чувствувам таа леснотија и да одам натаму.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Нејзините последни зборови.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Повеќето од тамошните типови беа кул - и освен вообичаените шеги и хистеричната насмевка ништо не се случуваше - но Ингрид Суперстар постојано одеше пред огледалото, го прекриваше лицето со рацете и почнуваше да халуцинира, и тогаш потполно откачуваше и почнуваше да плаче и да зборува „толку сум грозна”, и тогаш сите ги вадеа своите курови и зборуваа од стомак, за да изгледа дека не зборуваат тие туку знааете веќе кој, и тогаш ја тераа да зборува со „нив” - тоа секогаш ѝ го поправаше расположението - но тоа ѝ го привлекуваше вниманието само неколку моменти и тогаш мораа да смислуваат нешто ново - изгледаа како куп очајни бебиситери кои безуспешно се обидуваа да го утешат расплаканото дете.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Мо, тапанарката, беше толку слатка и срамежлива што не ми беше јасно што воопшто бара таму.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Моите деца треба да бидат мошне задоволни со мене, како што е мојот маж, толку сум насочена кон нивните интереси, но тие се исплашени и безгрижно се собираат за љубопитно да ѕиркаат и собираат.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
- Не, ми е срам, страв ми е. - Од што да ти е страв? Толку сум страшна јас?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сашка ја крена главата, благо ѝ се насмеаја замаглените очи: - Дојди Драгане, седни, толку сум среќна! - Браво!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Нели си среќен, Драгане?! Кажи ми! Јас толку сум среќна!...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Толку се радувам! Толку сум радосен!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тој го прегрна разнесувачот и повика: - А јас пак, види што си помислив!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
За таму толку сум мислел.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Исто толку сум тажна и јас, а така е зошто сум човек.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Како да нема за што да се живее. Толку сум збунета.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„Колку што сум сигурен дека дишам, толку сум сигурен дека и писмото не е во куќата.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Колку што повеќе ги имам, толку сум понемоќен, беспомошен да им наложам некаква цел.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А кога свртивме влево, толку сум спискала – мамо, мамо, што цело село, и машко и женско плачеле кога ме слушале мене. Тука не се сеќавам, за сѐ ми раскажуваше тетин ми.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Не, - му ветив, - нема да те смеам, не разбирајќи со што толку сум можел да го засмеам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Навистина не видов кога излезе, не видов ни дали ја крена раката за да ја дофатиш прачката, но имам претчувство дека тоа се случило.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Јас ја имам одврзано мислата од чекорите. Затоа и толку сум изморен кога ќе ја престигнам.“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
СИМОН: Толку сум пијан што исто ми се фаќа.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Загубив вчера ден, загубив и денес час, па сега не знам зошто толку сум тажен јас.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ми е чудно зошто толку сум рамнодушна во сонот, а најаве не сум.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А толку сум сакала да знам дали е тука Михајло Горачинов и колку е далеку од мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Па јас толкупати сум седела со неа, таа прва ми ја соопшти смртта на Сталин...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Имам и јас – додаке мајка ми и ми се стори оти сето тоа треба да значи дека сум ја прокоцкала нивната доверба.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Погледнав во вратата и си помислив што би рекле моите да ме видат доцна ноќе како седам во собата со непознато момче, а толку сум мала, само десет години имам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Имам доверба во Бреза, таа е толку сериозна и снаодлива, толку сум сигурна кога е Дена со неа – се правдаше тетка Оце.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)