Проаѓам така часови: од четири, од три и две, а потоа палиндроми.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Зашто ни во најжешко лето не пресушуваат, и зашто водата е студена и лесна за пиење, жителите на Потковицата кон нив се однесуваат како кон природен резервоар на вода за домаќинствата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Толку се наблиску еден до друг, што, напросто, си ги мешаат водите и на тој начин прават едно единствено извориште.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Овие пензионерски денови колку се убави, толку се и монотони.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Толку се среќни, јас го гасам светлото и ги склопувам дланките, низ вресоци соблекувам од себе сè дневно и движечко, сакам да спијам и станувам ужасен ѕвон кој ечи, бран, синџирот што Рекс го влече цела вечер по лигуструмите. Now I lay me down to sleep...
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)