толку (прил.) - има (гл.)

Македонскиот народ не толку има нужда, барем сега-засега, за официјален јазик на мнозинството, за генерал-губернатор од народноста со мнозинство и за слободен печат, колку: за отстранување или парализирање на дејноста на националните и религиозните пропаганди; за отстранувањето на непријателството меѓу приврзаниците на разните национални и религиозни пропаганди; за отстранување на таа недоверба и обособеност што е сега меѓу македонската интелигенција воспитана во разни балкански државици и им служи на религиозно-националните пропаганди во Македонија; за официјално признавање на македонската народност и за внесување на името “Македонец” во нуфузите и во другите официјални документи на лицата од словенско потекло во Македонија; има нужда за земјиштен дел, како што на селаните им беше доделена земја при укинувањето на крепосништвото во Русија, Галиција и во др. земји.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Колку што убаво зборуваше за својот шеф Граматниковски, толку имаше лошо мислење за неговиот претходник Едо Бранов.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Димитар Апасиев август, 2011 21 Македонската регулатива за работните спорови Corruptissima res publica, plurimae leges Колку во државата има повеќе закони, толку има повеќе корупција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Исто толку имаше и снаата Христина од село Дреново.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Во трактатот „О писменех“ Црноризец Храбар укажува дека Константин создаде писмо од 38 букви, а толку има глаголицата без графемите за прејотираните назални вокали.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
4. Околностите на ширењето на глаголицата укажуваат на фактот дека таа е постара: не постојат никакви основи да се претпоставува дека по завршетокот на Моравската мисија некој едноставно ја заменил кирилицата со глаголско писмо. 100 okno.mk 5.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Потоа се забришавме со ќебињата и чаршафите, па се облековме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И сето тоа не траеше повеќе од неколку минути, толку имаше вода, колку да ја натера нечистотијата да потече од нас, но не и сета да ја однесе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа се случило 1880-та година, кога татко ми имал само десет или петнаесет години, а толку имал и малиот Амди Сербез.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Толку имав јас, - рече Ангеле и стана, - туку гледај си ја твојата работа, а јас мојата, оти два дена ништо не сум фатил.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Толку има животот, велам, толку.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секако, ова гледиште е условено од прашањата на генезата на руската (и пошироко, на целокупната) сатира како литературен феномен.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во нашиот случај, формулацијата: колку има во неа од руското, толку има и од светското (вечно, неминливо и т. н.) е сосема соодветна за објаснување на интерференциите, што конкретно руската сатира ги претрпува со сатирата воопшто, барем во раниот степен на својот развиток.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)