токо (прил.) - гледа (гл.)

Токо гледајте поевтино да поминиме. Та ќе вршиме триесет дена, ќе сме дале триесет брави, триесет погачи, триесет ведра млеко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој со полна уста му одговори на Стојана: — Море јас се жени, брату, и се оджени, токо гледај сега побарај ти некое пупулче тебе да те прожениме, да ти се наиграм на свадбата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Зошчо таа сиромашка токо гледа горе по патот витолишки! Очите и истекоа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Он, попот, си избегал оттамо и сега Крчо си е ергенче како сете други, токо гледај ти да не ми мрднеш од белешката оти он одамна а има тука пушката обесена.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Море, остајте а Бојана, жени, токо гледајте a онаа орјатка!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— На крајот на краишчата ќе се разбере, токо гледајте да и позапазиме, ако се кажат некаде по Раец и Рамнишчето, — предложува Бојко.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Најпосле се јави и Толе, којшто со внимание ја слушаше препирката: — Оставете и кавгите, џанум, токо гледајте, правете планот и како ќе се извлечкаме одутре одовде, оти Бахтијар може да нѐ намириса, та се пусти гаќи ќе останат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Ќе ме топат виа пци денеска. Треба да имаат нешчо намирисано“ — си помисли во себе, но почна да го разбива мудуровото мислење, па му вели: — Море бег, ако се плаше орачот од врапците — не сее просо, токо гледај си ти ќевот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Шо ми зборуаш такви детинцки муабети. Кој е тој шо ќе крене рака на царцки човек? Ќе му се исуше!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)