токму (прил.) - ситен (прид.)

- Не поставувањето услови некој би можел да го сфати како свесно определување да не им се припишува посебно значење на ситните сеќидневни недоразбирања и разбирливо стравување дека токму ситните несогласувања би можеле негативно да влијаат на одржувањето на нашата врска.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А Филозофот, небаре ги чита мислите мои како книга отворена, ме погледна и продолжи: „Не се само најдебелите конци важни; по нив одат само слепите и горделивите; преѓата ја сочинуваат токму ситните нишки, најтенките и најфините, оти само ситната преѓа е преѓа, а крупната клопче ортоми; тенките нишки, они на границата од видливоста се азното на словата, оти само тие сведочат за невидливото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)