Токму тој Беки кој во еден петпаречки таблоид ме нарече „шугле“. Ех, Беки, Беки, како се заеба.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Нема сомневање дека современите научни испитувања, особено оние на полето на науката за мозокот, наведуваат на тоа дека токму тој орган на некој начин ја крие тајната на духот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Од друга страна, прифаќање на материјализмот (читај физикализмот) самото по себе не значи и решение на загатката.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Краста: Да, да. Баш тој Беки кој во филмовите глумеше хоштаплери, што впрочем и не му беше тешко зашто и самиот беше таков.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Стопосто самиот тој ми го испратил ракописоп. Сега сум сигурна дека е токму тој, иако веднаш видов дека испраќачот е некој измислен.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Јас немав цврсти докази дека гробот зад олтарот е на Никола Поцо, освен кажувањата на луѓе од семејството и надвор од него кои божем го задржале помнењето од колено на колено дека гробот е токму тој, потоа фактот дека на гробното место на фамилијата Поцо немаше ниту гроб, ниту знак за гроб на стариот Никола и, најпосле, мојата лична интуиција или, можеби, повеќе, желбата тоа да биде негов гроб.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ете, токму тој збор падна во разговорот што го водев со пријателот Ернст на едно патување.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Г.С.: А близначето може да биде било кој, можеби токму тој убиец на глушецот е придвижен од твојата грозна апатичност, што значи дека...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Отишле во уште поголем град и се пријавиле во циркусот што токму тој ден заминувал од таму; ги примиле само како знак на добра волја, да ги нахранат и да ги превезат во уште поголем град.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Каде сѐ не прашувал каде може да се купи таков, жолт путер (каква чудна тавтологија, рече, но вистинита е, и неопходна да се опише токму тој путер); низ годините, по сите градови, по целиот свет, барал таков путер; путерот му станал опсесија, еден вид пасија; но никогаш и никаде не сретнал таква боја и таков мирис.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Долу, на местото на несреќата, кога му изразив нешто што требеше да се протолкува како жалење за смртта на Таша, како мој личен израз на болка во однос на жалниов настан, тој го сфати моево обраќање како сочувство упатено нему ; Таша како да му била блиска роднина, или нешто поблиско и од тоа!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се разбира дека знаев оти ќе го слушнам токму тој одговор.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Даскалов прилично се труди. Се однесува како да загубил најмногу токму тој со заминувањето на покојната.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
За мене не беше тајна партизанското минато на Даскалов.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И момчето, и јас знаеме дека токму тој е егзекуторот, оној што ќе ја задоволи правдата.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Да, токму тој, бројот 3 од албумот „Животинско царство“ изнурнат од тропските милениуми на праисторијата!
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Му реков на продавачот оти сакам да го купам токму тој петел.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Со куќата-во-себе и низ нејзините врати ќе излегуваш на сокаците на Ур и Урук, на Лагаш, Киш и Нипур, на ридовите на Вавилон и Нинива, ќе талкаш низ нив како низ длабините на клинестото писмо и ќе се враќаш повторно назад со песните за Гилгамеш во себе, и не ќе знаеш зошто токму тој со тебе и болката на Енкиду низ тебе, зошто токму твоето тело и твојата душа се одредени за да се исповедаат низ просторот кај што диши твојата сенка, на јазик кој ќе го разбираат сите, небаре самите шетале по долините и горите на писмото изрежано во калта.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Меѓутоа, првиот процес уште не беше завршен кога беа преземени сите мерки и беа употребени сите средства за да биде смислено скршнат и разнебитен од заинтересираните соседни држави, а револуционерното движење се појави дури откако националистичките пропаганди почнаа да го цепкаат народот и да го задушуваат токму тој процес на национално осознавање.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тој немаше поинаква душа, не живееше во некој друг свет, туку напротив, беше израснат на истата земја како и другите, по истите закони и обичаи беше воспитуван, а сепак стана поинаков од сите нив.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
А сега излезе дека токму тој, со својата наивност, со својата тврдоглава верба во довчерашните непријатели наместо во долгогодишните пријатели, го наруши внатрешниот мир во земјата.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Никогаш во своето срце не успеа да најде одговор зошто токму тој е оној избраниот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Токму тој вртеше со главата велејќи дека насилството не е решение и дека мораат да научат како да се почитуваат бидејќи мораат да прифатат дека тука отсекогаш живееле заедно и дека така и ќе остане.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Но тоа утро, кога одникаде се појави токму тој, споменот на вториот прв бакнеж, таа сети како срцето само, без нејзина контрола, ѝ се поместува во градите за да го фати ритамот на мелодијата на капките што се слеваа по нејзиниот прозорец.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Цел маж!“ и го поттупна по рамото, задоволен како токму тој, со своето вешто стрижење, за дваесетина минути да успеал да го израсне од дете во момче.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Таа го истакнува Меѓународниот фестивал за современо драмско пишување „Корпус текст“ и додава дека токму тој отвора простор за организирање творечки работилници, јавни читања и дебати.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Та единствениот празник во сето она негово глуво чекање беше мислата дека го имаше спасено токму тој малечок живот и тој сега, последната негова утрина во Белата Долина, во оваа дивина наоколу, никако не можеше ни да помисли да го оскверни тоа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Па тоа беше токму тој, ваков спружен врз нивната носилка и безволен за секакво движење, останат на средпат и таму капнат сѐ додека не дошле овие четворица луѓе, што не сакале да го остават таму, на неговата бука; го нашле таму и сега го однесуваа со овие свои тивки, претпазливи чекори, молчеливи и заздишани.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Мара беше таква жена што не сакаше да ѝ се метка посредкуќи сѐ и сешто, а сега беше останата сама во селото подналутена зашто токму тој од едно цело село мажи да оди толку дена сам во снегот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Дури сега можеше да знае дека она, што го зрачеше токму тој ослепувачки светол далечен диск, зафрлен во синевината, беа и сите овие допири по неговото лице.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Би се зачудил секогаш на таа своја постапка, но сега тоа беше токму тој, со она лебдење во својот поглед, и ја стори.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Била тоа една огромна мечка, нагазена и маѓепсана од тоа грубо ковачко железо, што го имаше наличено тука пред некоку дена токму тој: била згрпчена за едната нога меѓу запците на тоа 'рѓосано железо, вклештена тука за едната задна нога, а бидејќи оној знаел многу добро да ги мести стапиците, другиот крај од синџирот со неколку куклуши бил изапнат за едно кутнато стебло, кое позволувало малку и да се повлече по себе, но кое воопшто не попуштало.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А токму тој што ме внесе во царството на блажената љубов вечерва почнува да го празни и второто шише.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Та нели токму тој ѝ го исцеди животот како лимон.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Веднаш на првиов му се јавува сомнеж, а веќе е и убеден дека саботажа му направил токму тој - сватот од другата соба, и тоа на национална основа.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
По него (по Варлаам) во Византија се појавил неговиот ученик Григориј Акиндин, кој иако јавно кажал дека не се сложува со Варллаам, трудовите го прикажуваат како апсолутен негов приврзеник и истомисленик.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Го гледа Лазора од под веѓи и точно знае и што си мисли и што чувствува сега тој, па и жал му е за него и криво му е што токму тој, Лазор Перуноски, неговиот најдоверлив човек, излегол побудала од еден злодеј.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но сѐ друго, како она дека бил оженет со некоја Митра, дека ги предводел побунетите славјански селани против византиските и солунските господари, и дека токму тој, односно, ја основал населбата во Потковицата и бил првородственик на Акиноските, си противречи со сѐ што досега знае историјата за Григорие Акиндин: „...
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Климент Камилски во мигот зажали што токму тој не го читал предговорот на Вук за турцизмите, макар што ја поседувал оваа книга.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но токму тој мој ќеф, барем јас така мислам, го забрза она што можеби и без тоа ќе се случеше.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Подоцна, вечерта, ѝ ги галев рацете сè додека не се појави месечината.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Инаку, веднаш да објаснам: разговориве што досега ги водам пред вас забележувајќи ги на хартијава, за првпат ги водев со себеси вечерта додека брзав за да втасам на време на онаа втора визита кај Роман Гигов Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И токму тој најгрд одговор најсилно го има погодено.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Можеби и затоа зашто кога ќе ги затворам очите и ќе помислам на Дуда, ја гледам седната на масата загледана во проѕирното перде зад кое веќе остарениот белогардеец Пјотр Дроздов ја подготвуваше скарата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Кога ги слушав од иследникот зборовите за гласот на жената која го повикувала несреќникот на некаква средба надвор од дофатот на човековите размисли уште ја немав запознаено Загорка Пепрутката.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Секогаш истото! - гласеше тој нејзин излив од далечните темнини: - Кога ќе го сторам тој чекор за кој сум сигурна дека нè приближува наеднаш забележувам дека токму тој нè оддалечил.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Ајде, искарај ме - ѝ реков - ако чувствуваш потреба да го сториш тоа, а за возврат ќе ти раскажам сѐ за жената од скалите, за писменцата што ти ги... - но Катерина ми ја затна устата со својата топла дланка.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Мислам дека токму тој впечаток останал, тоа сеќавање.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Слушнав како го спомнува токму тој збор додека се обидуваше да се насмевне.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Стариот писател го исмева подарокот, оној распослан тигар, а токму тој тигар веројатно го има поттикнато да пројава на него со посакуваната барем еднаш повеќе одошто му било пишано и тоа галопирајќи низ ноќта која веројатно му се присторила многу подолга од другите ноќи; а пројавал во овој случај без оној самар што го создала злобната шега за да го поттикне потсмевот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Всушност го употреби токму тој израз: Јас протестирам!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Мислам, ако веќе некој нешто измислува, тоа може да го потврди токму тој, самиот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Не сум сигурен што ја доведе овде неговата љубопитност; дали да ја потврди или да ја одрече ускратената надеж за луѓето, што ја спомна мајка ми, а за која токму тој беше најобвинуваниот?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Всушност бев со впечаток дека не ме смируваат неговите зборови туку токму тој лет на звуците, што оживуваа во мојот слух а веднаш потоа се трансформираа во разиграни птици.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
А токму тој повик беше проследен најпрвин со потсмев а потоа со ракоплескање! Господе, господе, дали е можно тоа?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Тој збор го употреби и Сврделот! Зошто ...токму тој збор, мамо?“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Ларионов ја напушти Русија 1915. година, но никогаш подоцна не ја достигна луцидноста на својата предвоена фаза. Margina #21 [1995] | okno.mk 107 Многу често на групните изложби пред првата светска војна во кои учествуваше и Василиј Кандински, се појавувале детски ликовни творби за чие што поставување инсистираше токму тој.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Истовремено, Кандински правеше попатни промени на самите детски цртежи давајќи им уште поизразена детски наивна појавност, за потоа да ги анализира генералните карактеристики на детската творба кои го изнудуваат оној впечаток на „нешто недолжно, безопасно, искрено”.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Кога веќе го спомнувам Господ, можеби токму тој Господ на посебен начин го сакаше татко ти, го штитеше, или барем не беше против него.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Е, токму тој несреќен генерал без документи а со генералска става, Ролан Јаковлевич, се беше вселил кај Трајче Кусакатски, или поточно во домот на неговата вдовица Родна.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ќе си поиграат поединците со ваквата дарба извесно време, а потоа наеднаш изненадени и самите ќе откријат дека дарбата ги напуштила, а некој, на кого дотогаш воопшто не му обраќале внимание наеднаш ќе се јави и бесрамно ќе објави оти токму тој е единствениот кој е надарен со поглед во иднината, и сите поранешни јунаци, избезумени, ќе слушнат дека тој, новиот, всушност ним им заповеда и дека бара од нив часкум да се свртат назад.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
- Ехе! – се насмеа белиот патник пред ококорените неизмиени сиромаси – иако не верувам дека сум токму тој што си го замислувате, ќе се обидам да ви донесам троа радост и среќа, особено на вашиве дечиња!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Кога проблемот ќе биде разрешен може да си го каже името и дека токму тој навреме објавил - Загадена вода истекува од депонијата?!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Тие го имаат токму тој призвук на невистинитост, но всушност се многу вистинити и тоа е она што е најстрашно. К: Повремено помислувам пак да ги засукам ракавите и пак да станам оптимист и да се обидам да направам нешто, но ситуацијата постојано ме тера да се занимавам со музика.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Кејџ низ звуците на удиралките, дотогаш малку користени и запоставувани, го нудеше токму тој сензибилитет на современоста.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Таквата наративна поетика, елегантна и динамична, всушност е многу сложена раскажувачка форма: таа е со перспектива ограничена со јасен плафон, оти аголот од кој ќе се перцепира светот, ќе биде токму тој на двата лика, што претставува една крајно оригинална швејковска варијанта на Мето Јовановски.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
А токму тој ден планиравме да го префрлиме во Југославија.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)