Тој остар блесок во мислата и во очите може да го има секој пострастен човек, но кај аргентинските писатели, како и кај танцувачи, тој е концентриран, прецизен, како по долго учење.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
И токму помисливме, крај е, фала му на Господ, кога на последната јамболлија уште повеќе ларви. Животот лесно не се дава.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Остана потполно сама со возачот кој набрзина ги затвораше капаците од багажникот и кога токму помисли како ќе се довлечка до дома, како привидение, но она посакуваното, пред неа стоеше оној кој го очекуваше.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Веќе се најгоре, на самото теме на тумбата и токму помислува Пелагија дека тука на оваа највисока точка дедо Костадин заслужува да биде закопан, кога поворката запира пред веќе ископан гроб, а од средината на селото се огласува големата камбана.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)