тогаш (прил.) - чудно (прил.)

Зарем е тогаш чудно со сите ние, децата, едвај чекавме да се искачиме на железната ограда, со сладок сок од лубеница што се уште ни се лизгаше низ прстите и возбудени, да гледаме внатре, како гледачот што нестрпливо ја очекува театарската претстава?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кога Ема ќе кажеше нешто важно, со острина и строгост кои упатуваа на тоа дека кажаното навистина е важно, горната усна ѝ се задржуваше поткрената подолго од она што го диктираше инстинктот при вообичаеното зборување и тогаш чудно ѝ блеснуваа забите наредени во низа од полукружни плочки порабени со сочни розови непца, оставајќи на тој начин впечаток на блага и продолжителна насмевка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)